Зад овие фрази што ви ги кажуваат колегите на работа се крие пасивна агресија
Да останете професионалци во работното опкружување понекогаш е навистина тешко, особено ако некои грешки постојано се повторуваат, како од вработените, така и од шефот. Всушност, шефовите мислат дека никогаш не грешат. Затоа, тие често испраќаат мејлови кои наизглед се љубезни, но всушност се длабоко пасивни-агресивни. Колку и да се трудите да бидете љубезни кон колегите, оние што знаат да читаат меѓу редови ќе разберат што сакал да да каже писателот. Погледнете кои се најчестите фрази и што значат тие:
1. Однапред Ви благодарам за одговорот.
Вистинско значење: Ќе ми направите услуга, иако сè уште не сте ни свесни за тоа. Затоа, однапред ви се заблагодарувам.
2. Само проверувам…
Вистинско значење: Ќе ви испраќам мејлови сè додека не ми одговорите. Треба да ме известите како се одвива ситуацијата.
3. Ако имате какви било прашања, слободно контактирајте ме.
Вистинско значење: Ве молам, не праќајте ми ништо, мислам дека бев доволно јасен.
4. Се надевам дека ова ќе помогне.
Вистинско значење: Престанете да ми досадувате, ова е последен пат што ви помагам.
5. Во иднина, нашата комуникација треба да биде подобра.
Вистинско значење: Не сакам да ви ја повторувам истата работа, што не ви беше јасно?
6. Ќе го имам тоа на ум.
Вистинско значење: Искрено, не слушнав, но веројатно не е ни важно.
7. Да го решиме ова до крајот на денот.
Вистинско значење: Вие решете го ова до крајот на денот.
8. Да бидеме тимски играчи.
Вистинско значење: Мора да бидеме тим, но вашата плата нема да порасне „тимски“. Секој по своите заслуги, ако воопшто е така.
9. Ќе видиме.
Вистинско значење: Нема да видиме ништо.
10. Мора да размислувате надвор од границите.
Вистинско значење: Немам претстава што мислам со тоа, но сакам да звучам паметно.
11. Дали сакате повторно да ви испратам мејл?
Вистинско значење: Знам дека го добивте првиот и заборавивте. Ова е последен пат да ве потсетувам.
12. Поправете ме ако не сум во право.
Вистинско значење: Знам дека сум во право и никој не може да ме убеди во спротивното.
13. Со целосна почит.
Вистинско значење: Не сте во право, кој и да сте.
14. Како што кажавме во претходниот разговор на оваа тема…
Вистинско значење: На кој јазик зборувам?
15. Дозволете ми да појаснам…
Вистинско значење: Вие изгледа сте глупав, не разбирам што не разбравте.
Прочитајте кои се видовите токсични колеги од кои треба да се држите понастрана.