За чистењето да ви биде поефикасно и за домот подолго да ви останува чист по „генералката“, почнете да ги применувате следниве 5 едноставни трикови, кои многу помагаат.rnrn
rn
1. Направете провев
rnСо помош на правосмукалката ќе ја соберете прашината од вашиот под и од тепихот, но кога ќе блесне сонцето јасно се гледа како честички прашина летаат на сите страни. За да го спречите повторното лепење на прашината од воздухот на мебелот и подот, отворете ги прозорците од сите страни во домот или пуштете го клима уредот во функција на вентилатор. На овој начин голем дел од честичките ќе ги изнесете надвор.rn
2. Направете антистатички крпи за прашина
rnВо половина чаша со топла вода исцедете 3 лимона, додајте 2 лажички маслиново масло и убаво измешајте. Од стара памучна маица или чаршав исечете неколку крпи и ставете ги во сад кој има капак. Одозгора полијте ги со мешавината, поклопете ги оставете ги да отстојат два часа. Потоа исцедете ги и исушете ги. Откако ќе се исушат комплетно, спремни се за употреба. Овие крпи ќе ја привлекуваат и собираат целата прашина од мебелот. Перете ги рачно, а после три користења, повторете ја постапката.rnrn
rn
3. Детално исчистете ја правосмукалката
rnИако нејзина функција е да чисти, во нејзиниот филтер се заглавуваат честички од прашина и при струењето на воздухот низ него тие повторно се враќаат назад. Еднаш месечно, детално и темелно чистете ја правосмукалката. Редовно менувајте го филтерот и со влажна крпа пребришувајте ја внатрешноста на правосмукалката.rn
4. Користете паметни домашни средства за чистење
rnЧистењето прашина, не се состои во тоа да ја раширите низ просторијата, туку да ја соберете и исфрлите. Во еден сад со половина литар вода ставете неколку капки етерично масло по ваш избор или маслиново масло. Крпата натопете ја и убаво исцедете ја, а потоа со неа пребришете ги дрвените и пластичните површини. За стакло користете мешавина од оцет и вода.rn
5. Тресете ги теписите
rnТеписите се главни собирачи на прашина и затоа е многу важно детално да ги исчистите. Правосмукалката го собира само површинскиот слој прашина. Еднаш месечно извадете ги теписите надвор и истресете ги убаво.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
