КАФЕ ПАУЗА

Токсична позитивност: Зошто не е добро да бидете постојано позитивни?

Токсична позитивност: Зошто не е добро да бидете постојано позитивни?

Да се ​​биде позитивен е многу важно ако сакате да живеете исполнет и среќен живот, а позитивноста е од клучно значење за справување со предизвиците кои се испречуваат пред нас во текот на животот.rnrnТоксична позитивност: Зошто не е добро да бидете постојано позитивни?rnrnСепак не треба да се претерува со ништо.rnrnТоксичната позитивност или потребата да се чувствувате позитивно постојано, без оглед на тоа колку е негативна ситуацијата во која се наоѓате, може да биде штетна за вас, на психолошко ниво.rnrnВо ерата на социјалните мрежи, постојано гледаме објави со „позитивен став“ или „розова визура за животот“ и сосема е во ред да се ​​биде оптимист на моменти. Но, мора да сфатиме дека исто толку важни за нас, се и емоциите кои ги носат потешките моменти во животот.rnrnСепак, позитивноста може да биде токсична. Ако се надевате само на најдоброто, ќе се почувствувате изневерено кога ќе се случи нешто лошо.rnrnИзразот „токсична позитивност“ се однесува на концептот на живеење кој вели дека постојаната позитивност е вистинскиот начин да се живее животот.rnrnТоа значи да се фокусирате само на позитивни работи и да отфрлите сè што може да ви предизвика негативни емоции. Но, тоа звучи премногу добро за да биде вистинито, нели? Затоа што кога ги негирате или избегнувате непријатните емоции, ги правите уште поголеми.rnrnИзбегнувањето на негативните емоции е како самите да си велите дека не треба да им обрнувате внимание. Но, додека верувате дека е така, негативните емоции стануваат уште поголеми и позначајни бидејќи остануваат необработени. Еволутивно, ние како луѓе не можеме да бидеме „програмирани“ само за среќа.rn

Избегнувајќи ги „тешките“ емоции, вие губите вредни информации од опкружувањето

rnНа пример, кога сте исплашени, вашите емоции ви велат: „Бидете свесни за околината“. Самите емоции се информации. Тие ви даваат слика за тоа што се случува во даден момент, но не ви кажуваат што точно да направите или како да реагирате. Ако се плашите од куче и здогледате едно на тротоарот, тоа не значи дека мора да ја преминете улицата – тоа значи дека кучето го сфаќате како потенцијална закана. Откако некое лице ќе ги идентификува емоциите, тоа одлучува или да го избегне кучето или да се соочи со стравот.rnrnОвие луѓе веројатно им оставаат впечаток на другите дека немаат никакви проблеми. Можеби ќе ви биде тешко да се поврзете со нив бидејќи тие ја игнорираат тагата или вознемиреноста.rn

Што може да направите?

rnПрифаќањето на „тешките“ емоции помага во справувањето и намалувањето на интензитетот на таквите чувства. Размислете за тоа колку добро би се чувствувале кога конечно ќе можете да зборувате со вашиот партнер или со родителите за тоа колку ви бил тежок денот. Тоа е како да „растоварувате тежок товар“ од вашите рамена и таквото чувство ослободува.rnrnЕмоциите не се „добри“ или „лоши“ и не се само позитивни или негативни. Но, сметајте ги за насоки: Тие ни помагаат да се соочиме со проблемите и да ги надминеме.rnrnКарл Јунг рекол дека е подобро е да бидете целовити отколку добри.rnrnЕмоциите не се само начин на кој ние реагираме на случувањата, тие пренесуваат и информација која луѓето околу нас ја примаат. Ако сме тажни, тие нè тешат, ако чувствуваме вина, тие може да ни простат.rnrnКорисно е да се обидете да ја согледате и светла страна на нештата, но важно е и да ги прифатите и да ги слушате сите ваши емоции и кога тие не се толку пријатни. Никој не може да биде позитивен постојано. И тоа е сосема во ред.rnrnМожеби сакате да дознаете и кои прашања да му ги поставите на вашиот терапевт за да го извлечете најдоброто од терапијата?rn