Што открива положбата на спиење на вашето милениче за неговата ментална состојба?
Спиењето со своето сакано милениче на многу сопственици им дава чувство на мир, на удобност и на релаксација. Сепак, луѓето ретко размислуваат зошто миленичињата спијат со нив во одредени положби. Професорот Питер Невил, специјалист за однесувањето на животните, заедно со експерти за здравјето на домашните миленици од компанијата „Itchpet“, објаснија што значи положбата во којашто спие вашето милениче заедно со вас. Според истражувањето, положбата на спиење може да открие многу за психолошката состојба на домашното милениче и за неговиот став кон својот сопственик.
1. Верен
Ако домашното милениче спие кај вашите стапала, тоа не е секогаш знак на почит или на признавање дека креветот е само ваш простор, а повеќето луѓе мислат така. Најверојатно се превртувате во креветот додека спиете и животното само се обидува да ја избере положбата што е најблиску до вас, но истовремено одржува безбедно растојание за да може да се повлече во случај на непријатност.
2. Свиткано во топка во аголот на вашите нозете
Ако спиете во фетална положба и вашето домашно милениче лежи удобно во аголот на нозете, тогаш тоа има целосна доверба во вас и ве прави одговорни за својата благосостојба. Ова е обично позицијата што кучињата и мачките ја претпочитаат кога спијат со својата мајка. На овој начин, животното покажува дека се чувствува заштитено и буквално спие како бебе.
3. Помеѓу вашите нозе
Ако вашето домашно милениче спие завиткано во топка помеѓу вашите нозе, најверојатно се обидува да се заштити од некоја несакана врева што го вознемирува. И мачките и кучињата можат да слушаат многу повисоки звучни фреквенции од луѓето и на овој начин тие се обидуваат да се сокријат од тој звук во топлиот, звучно изолиран „меур“ кај нозете.
4. Ѕид
Ако миленичето спие помеѓу вас и вашиот партнер, тогаш животното веројатно бара место каде што ќе се чувствува топло и безбедно. Но, позицијата „ѕид“ исто така може да значи дека животното се обидува да ја задржи другата личност подалеку од вас. Најверојатно, миленичето е љубоморно и затоа се обидува да го привлече вашето внимание.
5. Сопственик на вашата перница
Ако миленичето ја зафаќа целата перница, тоа бара дополнителна мекост и удобност за време на спиењето. Штом животното ќе се разбуди, обично почнува да ве буди за да може да го добие својот појадок колку што е можно побрзо.
6. Под ќебе
Ако вашето милениче се крие под ќебето, тоа бара дополнителна удобност и безбедност. Освен тоа, некои кучиња спијат подобро кога се покриени со нешто што не е премногу тешко.
7. Спиење до вашето лице
Ако вашето домашно милениче се приближува сè поблиску до вашата глава, тогаш тоа е зависно од вас и сака да ја покаже својата љубов со тоа што ќе се обиде да заспие колку што е можно поблиску до вашето лице, каде што ќе може да го почувствува чукањето на вашето срце и да го слуша вашето дишење додека спиете.
8. Во вашите раце
Ако вашето домашно милениче сака да спие во вашите раце, тогаш тоа сака да го гледа вашето лице и да го почувствува чукањето на вашето срце, што создава дополнителна увереност кај животното дека вие сте добро. Освен тоа, оваа положба му дава можност да се премести на друг дел на креветот или на подот ако вие ја промените положбата на спиење.
9. Суперхерој
Вашето милениче се протега веднаш до вас и во оваа положба почесто спијат кучињата, а мачките многу поретко. Животното сака да одржува близок контакт со вас колку што е можно подолго, додека ужива во галењето. Покрај тоа, миленичето ја избира оваа положба за да биде подготвено да реагира брзо на какви било ризични фактори и да го заштити својот сопственик.
10. Октопод
Утрото откривате дека вашето домашно милениче спие на средината на креветот, а вие ќе паднете на подот. Пред да заспиете, животното веројатно лежело во положба што била удобна за двајцата, но откако сте заспале, миленичето заземало сè повеќе простор за да се чувствува поудобно. Оваа положба е карактеристична за разгалените животни што се сигурни дека нивниот сопственик ќе им го исполни секој каприц.
Прочитајте што открива за вас домашното милениче кое го поседувате.