КАФЕ ПАУЗА

Топ 5 најубави зимски дестинации во Европа

Топ 5 најубави зимски дестинации во Европа

Зимата има различни лица низ цела Европа. Во зависност од вашите склоности, во текот на овие месеци можете да пронајдете многу места што ве покануваат да ги посетите. Во продолжение погледнете кои се 5-те најубави зимски дестинации во Европа.rn

1. Рованиеми, Финска

rnТоп 5 најубави зимски дестинации во ЕвропаrnrnФинскиот град Рованиеми привлекува многу посетители секоја зима. Причината не се само прекрасните пејзажи, можноста да ја набљудувате северната светлина и широкиот спектар снежни активности. Главната цел на многу туристи е да се запознаат со Дедо Мраз кој живее овде.rn

2. Јасна, Словачка

rnТоп 5 најубави зимски дестинации во ЕвропаrnrnИако Словачка не е позната како најдобар скијачки центар, во Јасна има многу добри скијачки патеки. Покрај тоа, оваа дестинација е поевтина и има помалку луѓе. Зимското одморалиште исто така може да се пофали со добрата гостопримливост и со пријателски настроеното локално население.rn

3. Андалузија, Шпанија

rnТоп 5 најубави зимски дестинации во ЕвропаrnrnАко сте меѓу оние кои не сакаат снег и студ, можете да избегате во Јужна Европа. Андалузија нуди многу повеќе од повисоки температури. Фотогеничните градови како Севилја, Кордоба и Гранада ве повикуваат на сончање, на одличен ноќен живот и на вкусна храна.rn

4. Андора

rnТоп 5 најубави зимски дестинации во ЕвропаrnrnАндора е една од најмалите земји во светот, но им нуди многу активности на посетителите. Покрај скијањето на најголемиот ски-центар на Пиринеите, можете да го посетите спа-центарот Калдеа или да се препуштите на адреналинските авантури во природата. Дестинацијата е позната и по врвната понуда за шопинг бидејќи даночните олеснувања овозможуваат ниски цени.rn

5. Абиско, Шведска

rnТоп 5 најубави зимски дестинации во ЕвропаrnrnДури и во Северна Шведска можете да ја набљудувате магичната северна светлина, а во текот на денот можете да уживате во санкањето или во скијањето. Земете топла облека колку што е можно повеќе.rnrnПогледнете ги овие снежни хотели во Скандинавија што се идеални ако сакате поразличен зимски одмор.