Што да му подарите на секој хороскопски знак за Денот на вљубените?

Сподели

Дали сакате да ја израдувате саканата личност? Ако не знаете како, астрологијата ќе ви го олесни пронаоѓањето на совршениот подарок. Близнаците, Раковите и Девиците сакаат сè што е практично, а Овенот, Бикот, Вагата и Рибите се големи естети. Лавовите, Скорпиите и Јарците го ценат престижот, Водолиите ги воодушевува сè што е ново и модерно, а Стрелецот сè што е необично и егзотично.

Реклама

rn

Овен

rnНема да погрешите ако изберете производ за нега на коса.

На мажите купете им капа, парфем или патики, а на дамите украси за коса, шминка, накит (особено обетки) и интересна долна облека.rn

Бик

rnПретставниците на овој хороскопски знак се сензуални, сакаат сè да помирисаат, да допрат, да слушнат и да пробаат, па најдобро е да им подарите ароматичен парфем, шише квалитетно вино, квалитетен паричник, ЦД со нивната омилена музика и сл.

На мажите можете да им подарите шал, ремен, облека за низ дома, а на жените долна облека од црна чипка, накит и цвеќе.rn

Близнаци

rnИдеален подарок за овие личности е книга од нивниот омилен писател, брендирани очила за сонце, парфем, телефон, таблет или лаптоп затоа што тие сакаат да бидат во тренд и во чекор со сите случувања.

Мажите ќе ги развесели и белезица, а жените букет, прстен, ракавици и лак за нокти.rn

Рак

rnШто и да им подарите на претставниците на овој хороскопски знак, спакувајте го внимателно, така што ќе им дадете до знаење дека ви значат, а уште повеќе ќе ги изненадите ако ставите и порака со неколку убави зборови.

Овие личности сакаат квалитетни пијалаци, особено вино, мирисливи свеќи, рамки за слики, антиквитети, но и домашни миленичиња. Дамите сакаат накит со бисери, свила, крзно и цвеќиња.rn

Лав

rnЛавот ги цени убавината и хедонизмот, како и уметноста, па сигурно ќе го развеселите со влезница за некоја премиера, со уметничка слика или со шише квалитетно вино.

Дамите нема да останат рамнодушни ако добијат брендирана облека, златен накит, чанта од познат дизајнер, квалитетна шминка, но и плишана играчка.rn

Девица

rnОвие личности сакаат убави, но практични подароци, така што ако сакате да ги израдувате, нема да погрешите ако им подарите рачен часовник, интересна книга, таблет, лаптоп, мобилен телефон или милениче.

Природната козметика, накитот и шминката се исто така добар избор за дамите, а за мажите сè што е поврзано со нивното хоби.rn

Вага

rnВагите се елегантни и уживаат во сè што е убаво, било да е тоа парфем, театарска претстава, концерт или ЦД со омилената музика.

Можете да им подарите и козметиката за коса, елегантен шал, нараквици или мирисливи свеќи, а на дамите бонбони, букет цвеќиња со посвета, накит, ароматична купка и сл.rn

Скорпија

rnЗа да ги импресионирате припадниците на овој хороскопски знак ќе мора многу да се потрудите.

На мажите купете им шише квалитетен пијалак, книга за масони, јакна или кошула потпишана од нивниот омилен дизајнер, а на жените долна облека од чипка, фустан со реси, парфем, маскара и цвеќе.rn

Стрелец

rnКако љубители на патувањата, на музиката и на спортот, идеален подарок за Стрелците е ориентален сувенир, ламба или интересно парче накит, спортска облека или влезница за концерт на нивната омилена група.

Понежниот пол ќе биде воодушевен од ракавици, очила за сонце, голема чанта или домашно милениче.rn

Јарец

rnОвие личности сакаат подароци што се практични, па добар избор за нив е историска книга или книга од областа што особено ги интересира, паричник, компјутерски делови, парфем со опоен мирис, икона, чанта, чевли, влезница за во театар.

Дамите ќе ги израдувате и со цвеќиња, со накит и со марама.rn

Водолија

rnСо овој знак управува Уран, симболот на новитетите, па ако навистина сакате да ги импресионирате припадниците на овој хороскопски знак, изберете нешто модерно.

Тоа може да биде најновиот модел на мобилен телефон, музички уред, часовник, фотоапарат, камера, компилација од нивните омилени песни или парфем и козметика за коса, а за дамите може и фен, пегла за коса, чорапи и цвеќиња.rn

Риби

rnОваа романтична и уметничка душа е желна за внимание, а подарокот што ќе ѝ се допадне може да биде приврзок со скапоцен камен во форма на Риби, влезница за концерт, збирка поезија, ароматично масло за масажа или парфем.

На овие личности можете да им подарите и уметничка слика, книга, камера, а женските претставници на овој хороскопски знак сакаат високи потпетици, шминка, накит и цвеќиња.

Погледнете кои се најдобрите романтични филмови ако сакате да го поминете Денот на вљубените во домашна атмосфера.

Популарно

Може ќе ве интересира