Ако имате над 30 години, исфрлете ги овие козметички производи од вашиот несесер

Ако имате над 30 години, исфрлете ги овие козметички производи од вашиот несесер

Ако имате над 30 години, вашата кожа произведува помалку масти и тоа доведува до појава на сува и груба кожа. Не е тајна дека сувото лице бара дополнителна хидратација и предизвикува појава на ситни брчки и линии кои бараат поразлични козметички средства. Дерматолозите препорачуваат овие козметички производи да не ги употребувате во тој период.

Ако имате над 30 години, исфрлете ги овие козметички производи од вашиот несесер

1. Средства за чистење што прават многу пена

Миењето на лицето со производи што прават многу пена ги отстранува основните хранливи материи на кожата, што придонесува за сувост на кожата, а тоа со текот на времето резултира со намалена еластичност. Овие производи се богати со сурфактанти – молекули што ги отстрануваат нечистотиите на лицето, но истовремено ги отстрануваат маслата на кожата што се одговорни за нејзиниот мазен изглед. Пената заменете ја со млеко, со балсам или со некој друг кремаст производ за чистење на лицето.

2. Груб пилинг

Кожата што старее е многу чувствителна, што значи дека не може да поднесе груб пилинг. Во дваесеттите години, обновувањето на клетките на кожата се случува на секои дваесет и осум дена. Но, во доцните триесетти и четириесетти години, овој процес трае повеќе од четириесет дена.

За вашата кожа да изгледа посвежо, изберете маски, средства за миење на лицето или серуми што содржат нежни хемиски ексфолијанти, како што се овошните ензими.

3. Тоник за лице на база на алкохол

Повеќето тоници за лице содржат алкохол и се користат за мрсна кожа што е склона на акни. Сепак, тие ја лишуваат кожата од природните масла предизвикувајќи нормалната кожа да стане сува. Како што стареете, така кожата полесно ја губи хидратацијата. Поради тоа, по миењето и по чистење на кожата, треба да користите гел за нега на лице што содржи хијалуронска киселина.

Користете тоник што не содржи алкохол, а вашата кожа ќе ви биде благодарна.

4. Тешки коректори

Кожата околу очите станува поделикатна и потенка, па ако коректорот е премногу тежок, тогаш тоа ќе има спротивен ефект. Кремастиот или течниот коректор е одлична опција затоа што кожата нема да изгледа сува по нанесувањето на коректорот.

5. Блескаво руменило

Блескавото руменило може да се задржи во малите брчки, а вие сигурно не го сакате тоа. Наместо да ги криете, вие ќе ги нагласите брчките. Многу е подобро да користите полу-мат руменило и најдобро е да го нанесете на највисоката точка на образите, а тоа ќе создаде младешки изглед бидејќи го подигнува лицето.

6. Мат пудра во прав

Овој производ се задржува во сите пори, нерамнини и ситни брчки на кожата. Пудрата во прав ќе направи кожата да изгледа посуво, а како алтернатива можете да користите потранспарентна пудра што нема да се насобира на местата што сакате да ги прикриете.

Прочитајте зошто производите за нега на кожата немаат дејство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар