Овие сандали ќе бидат моден императив оваа пролет: Секоја жена треба да ги има!
Пролетта се приближува, затоа навреме подновете се со трендовски модни парчиња. Модните дизајнери веќе ги претставија своите пролетни колекции и ги истакнаа актуелните модели на обувки.
Сандалите кои ќе бидат во тренд предизвикаа поделени мислења. Жените или ги обожуваат или воопшто не им се допаѓаат.
Чевли и сандали
Претерано високите потпетици веќе не се во мода. Средната височина е најпожелна ако им верувате на модните професионалци, а моделите со квадратен облик се оние кои се најдоа на врвот на модната листа.
View this post on Instagram
Тие беа најпосакувани минатата година, а така ќе биде и оваа пролет. Ниту еден „стајлинг“ нема да може да помине без овие сандали.
Втори на списокот се сандалите со многу тенки каивчиња, исто така, со средна височина. Овој модел е посоодветен за вечерни излегувања, додека во текот на денот може да се носат ние со квадратна форма.
View this post on Instagram
А, нè очекува и враќање на неочекуваните трендови: Вака ќе се облекуваме оваа пролет!