„Бомболините“ или малите „бриош“ крофни се најдоброто нешто што ќе го пробате во последно време

„Бомболините“ или малите „бриош“ крофни се најдоброто нешто што ќе го пробате во последно време

Можете да ги наполните со каков било крем, мармалад, несолено меко сирење… Може дури да ги оставите и празни или само да ги наросите со шеќер во прав.

„Бомболините“ или малите „бриош“ крофни се најдоброто нешто што ќе го пробате во последно време

Бомболините или малите „бриош“ крофни се неодоливо меки и вкусни топчиња од „бриош“ тесто. Тие се разликуваат од класичните крофни по својата големина. „Бомболините“ се многу помали од вообичаените.

Вакви крофни можете да најдете во Италија, од каде што потекнуваат. Бидејќи „бриош“ тестото содржи јајца и путер и има богат вкус и текстура, „бомболините“ можете да ги послужите и празни.

Можете да ги направите во различни големини. Најдобри се тие изработени со калап со дијаметар од 5 см бидејќи тогаш не се премногу мали или премногу големи.

Потребни состојки:

  • 500 г брашно
  • 125 г млако млеко
  • 4 големи јајца
  • 75 г шеќер
  • 125 г путер на собна температура
  • 7 г сол (една лажичка)
  • 7 г сув квасец (една кесичка)
  • изрендана кора од половина портокал

Дополнителни состојки:

  • сончогледово масло за пржење
  • шеќер во прав за наросување
  • полнење по желба

„Бомболините“ или малите „бриош“ крофни се најдоброто нешто што ќе го пробате во последно време

Начин на подготовка:

Смеса за потквасување

  1. Во сад ставете ги сувиот квасец, 65 г брашно (одвојте од вкупната количина) и млекото. Измешајте добро и покријте ја смесата со проѕирна фолија.
  2. Оставете ја смесата да стои половина час на топло место.

Тесто

  1. Надојдената потквасена смеса ставете ја во електричен сад со миксер или во обичен сад. Додајте ги разматените јајца и сето тоа измешајте ги со тестото. Додајте ја кората од портокал.
  2. Во посебен сад измешајте го преостанатото брашно, шеќерот и солта. Додајте ја смесата со квасец и јајца. Со алатката за тесто на вашиот миксер измешајте го тестото. Важно е да е добро изработено и да нема грутки. Оставете го тестото да стои 5 минути за глутенот да се развие во тестото.
  3. Путерот исечете го на коцкички. Откако тестото малку ќе отстои, додајте коцка путер и продолжете да го мешате тестото со средна брзина. Повторете ја постапката сè додека не се потроши целиот путер.
  4. Ставете го тестото на набрашнета работна површина и продолжете да месите со рацете. Месете го тестото 6-8 минути или додека не стане мазно и сјајно.
  5. Ставете го тестото во подмачкана тава и покријте го со проѕирна фолија. Оставете го на топло сè додека не го удвои својот волумен, 1,5 до 2 часа.

„Бомболините“ или малите „бриош“ крофни се најдоброто нешто што ќе го пробате во последно време

Обликување

  1. Притиснете го тестото за да излезе воздухот, а потоа пренесете го на набрашнета површина.
  2. Растегнете го тестото на дебелина од 1 центиметар. Користете калап со дијаметар од 5 центиметри и правете кругови во тестото.
  3. Формираните бомболини ставете ги во сад за печење обложен со хартија за печење. Направете простор за тестото да може да расте. Повторно измесете го остатокот од тестото, растегнете го на дебелина од  1 центиметар и повторно притиснете го калапот. Повторете ја постапката сè додека не завршите со целото тесто.
  4. Покријте го тестото со кујнска крпа и оставете го 1 час да стои на собна температура или додека не се удвои.
  5. Расукајте кора и со помош на мало калапче направете крукчиња од тестото.

Пржење

  1. Ставете масло да се загрее во сад со дебело дно. Маслото е загреано кога ќе постигне температура од 170 ᵒC или кога ќе ставите дрвена лажица и околу неа ќе почнат да се формираат меурчиња. Потоа намалете ја топлината.
  2. Ставете онолку крофни во садот колку што собира за тие да лебдат слободно. Пржете ги крофничките од двете страни околу 30 секунди или додека не поруменат од двете страни.
  3. Готовите бомболини ставете ги на кујнска хартија за да се исцеди вишокот мрсло, а потоа наросете ги со шеќер во прав.
  4. Наполнете ги со фил по желба (чоколаден крем, мармалад, слаткарски крем).

Можеби сакате да го прочитате и рецептот за „Мраморен колач“ кој е слатко задоволство за целото семејство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар