КАФЕ ПАУЗА

Мачињата се шетаат слободно во оваа книжарница, а купувачите дури може и да ги вдомат

Мачињата се шетаат слободно во оваа книжарница, а купувачите дури може и да ги вдомат

Кога сакате да вдомите маче одите во прифатилиште за животни, но кога сте во Канада може тоа да го направите и во „Otis & Clementine’s Books and Coffee“, книжарница во Нова Шкотска, која има иновативен пристап во убедувањето на луѓето да ги спасат мачињата.rnrnМачињата се шетаат слободно во оваа книжарница, а купувачите дури може и да ги вдоматrnrnСекој кој ќе влезе да купи добра книга, ќе забележи нешто необично и многу симпатично. Мачиња на сите страни! Тие можеби читаат и книги додека никој не ги гледа!rnrnМачињата се шетаат слободно во оваа книжарница, а купувачите дури може и да ги вдоматrnrnМачиња биле преземени од прифатилиште за животни со надеж дека љубителите на книги ќе се вљубат во нив и нема да можат да му одолеат на предизвикот, а да не ги однесат дома. Просторот во книжарницата им овозможува на мачињата да се дружат и да се навикнуваат на луѓето.rnrnМачињата се шетаат слободно во оваа книжарница, а купувачите дури може и да ги вдоматrnrnСопственичката на продавницата, Елен Хелмке, започнала да вдомува мачиња, откако сфатила дека има простор во книжарницата кој може да се искористи. Со малите мачиња се и нивните мајки. Досега купувачите вдомиле околу 30 од нив.rnrnМачињата се шетаат слободно во оваа книжарница, а купувачите дури може и да ги вдоматrnrnТаа вели дека луѓето почнале да доаѓаат специјално за да си земат маче, а некои од нив доаѓале за да си купат книга, па случајно наидувале и на мачињата. Во секој случај, решението е навистина одлично – кој не сака мачиња, нели?rnrnПогледете ги и преостанатите фотографии од овие од овие преслатки мачиња на следната страница…rnrn