КАФЕ ПАУЗА

Кои се најголемите грешки што ги правите во кујната?

Кои се најголемите грешки што ги правите во кујната?

Written by

in

,

Ако не ги чувате правилно, намирниците и другите прехранбени производи ќе се расипат и нема да имаат добар вкус по некое време. Прочитајте ги овие совети што ќе ви помогнат да им го продолжите рокот на траење на многу намирници.rnrnКои се најголемите грешки што ги правите во кујната?rn

Кафеав шеќер

rnЗа да спречите згрутчување на шеќерот, ставете парче лимон, лимета или портокал во теглата. На шеќерот му е потребна влага и не смее да биде изложен на воздух ако сакате да остане мек.rn

Мајонез

rnЗа да трае подолго, чувајте го во вратата на фрижидерот. Внатрешноста на фрижидерот може да предизвика насобирање на маслото на врвот на теглата. Тоа не е штетно за јадење, но мајонезот нема да биде вкусен.rn

Јаворов сируп

rnОткако ќе го отворите, може да трае подолго – најмалку една година, но во фрижидер. Јаворовиот сируп никогаш нема да замрзне.rn

Црвени зачини

rnСтавањето во фрижидер ќе ги задржи свежи подолго време и ќе спречи избледување на бојата. Зачините треба да ги чувате настрана од топлина и од сончева светлина.rn

Мед

rnНемојте да го чувате медот во фрижидер. Тој има неограничен рок на траење и никогаш нема да се кристализира ако го чувате на собна температура.rn

Сирење

rnДозволете му на сирењето да дише и завиткајте го во материјал како што е мрсната хартија за печење. На сирењето му е потребен кислород за да остане свежо.rn

Леб

rnМногу луѓе мислат дека лебот треба да се чува во фрижидер за да не се замириса, но тоа не е точно. Чувајте го лебот на собна температура.rn

Јаболка

rnНа јаболката им се потребни ниска температура и влажност за да останат свежи подолго време, па затоа поставете влажна кујнска хартија над нив во фрижидерот. Исто така, не заборавајте дека јаболката испуштаат етилен, што може да го забрза созревањето на другите производи и поради тоа секогаш чувајте ги во посебни садови.rn

Цитрусни овошја

rnПортокалите, лиметите, лимоните и грејпфрутот треба да се чуваат во фрижидер во мрежести вреќички.rn

Домати

rnДоматите е најдобро да ги чувате на температура од 12,8 °C. Незрелите домати може да ги оставите на собна температура сè додека не станат црвени и сочни. Откако ќе созреат, не изложувајте ги на директна сончева светлина или на ниска температура.rn

Банани

rnБананите созреваат многу брзо и речиси не постои начин како да се спречи тоа. Но, можете да го забавите процесот така што ќе ги раздвоите и ќе ги завиткате дршките со пластична фолија.rn

Растенија

rnЗелените растенија како што е коријандерот треба да се чуваат исто како цвеќињата. Отстранете го коренот и ставете ги во тегла со вода.rn

Печурки

rnСекогаш отстранувајте ги печурките од амбалажата и ставајте ги во хартиени кеси пред да ги ставите во фрижидерот. Хартијата ја апсорбира влагата и помага да останат свежи подолго време.rn

Краставици

rnПовеќето луѓе ги ставаат во фрижидер, но најдобро е да ги чувате на собна температура за да останат свежи подолго време.rn

Компири

rnСтавете ги во хартиени кеси или во картонски кутии и потоа ставете го во ладен и темен агол. На компирите им е потребна малку повисока температура и никогаш не треба да ги ставате во фрижидер.rn

Јаткасти плодови

rnЈаткастите плодови може да се распаднат ако ги чувате на собна температура повеќе од три месеци. Ако не планирате да ги консумирате во овој временски период, чувајте ги во фрижидер.rn

Млеко

rnЗа млекото да трае подолго, чувајте го во најладните делови на фрижидерот – назад или на дното, но не во замрзнувачот. Избегнувајте чување на млекото во вратата на фрижидерот бидејќи температурата во тој дел се менува, а тоа влијае на рокот на траење на млекото.rnrnПрочитајте ги и овие 12 совети за готвење што ќе ви го спасат секој оброк.