Бебињата родени со големи глави се со поголема веројатност да бидат интелигентни кога ќе пораснат

Бебињата родени со големи глави се со поголема веројатност да бидат интелигентни кога ќе пораснат

Се чини дека има голема поврзаност помеѓу големите глави и функционалноста на мозоците. Во просек, главата на новороденче е околу 35 см и сите вредности што се над таа цифра се сметаат за „големи глави“.

Бебињата родени со големи глави се со поголема веројатност да бидат интелигентни кога ќе пораснат

Поголемата глава на бебето може да им пречи на новите родители на почетокот. Нема потреба од грижа освен ако педијатарот не ви каже дека тоа може да е настанато како последица на некаков проблем. Резултатите од едно истражување покажале дека бебињата со големи глави имаат тенденција да бидат суперинтелигентни кога ќе пораснат, во споредба со другите деца.

Доенчињата со поголеми глави имаат зголемена активност на мозокот

Бебињата родени со големи глави се со поголема веројатност да бидат интелигентни кога ќе пораснат

Во рамки на истражувањето спроведено на универзитетот во Единбург биле собрани податоци од повеќе од половина милион луѓе. Испитаниците биле на возраст од 37 до 73 години. Тие биле подложени на низа ментални и физички тестови, а откривале и детали за нивниот животен стил.

По анализата на податоците, преку истражувањето се открило дека луѓето кои имале поголеми глави како новороденчиња имаат зголемена активност на мозокот. Исто така, се покажало дека овие бебиња се интелигентни и постои голема веројатност да добијат универзитетска диплома.

Тие може брзо да читаат и добро да ги разбираат нештата

Бебињата родени со големи глави се со поголема веројатност да бидат интелигентни кога ќе пораснат

Согледувајќи ја поврзаноста помеѓу гените, здравјето и интелигенцијата, во една студија објавена во списанието за молекуларна физијатрија било откриено дека има 17 важни факти поврзани со обемот на главата. Но, истражувачите сепак изјавиле дека сè уште не се во можност целосно да ги откријат наодите додека комплетно не ги проучат сите аспекти на случаите. Сепак, откриле дека со сигурност постои поврзаност помеѓу големите глави и интелигенцијата. Луѓето со поголеми глави брзо читаат подобро и лесно ги разбираат работите.

Тие имаат поголем број на неврони

Бебињата родени со големи глави се со поголема веројатност да бидат интелигентни кога ќе пораснат

Во друго истражување се тврди дека луѓето кои се родени со поголеми глави имаат повеќе неврони во мозокот. Зголемениот број на неврони ги прави попаметни и подобри од останатите кога станува збор за решавањето проблеми. Луѓето со големи глави имаат потенцијал да ги искористат своите ментални способности до максимум.

Бебињата родени со големи глави се со поголема веројатност да бидат интелигентни кога ќе пораснат

Во секој случај, она што е најважно е секој да ги искористи сите потенцијали со кои располага!

Можеби сакате да прочитате и за тоа дека се откриени се нови позитивни ефекти врз здравјето на децата кои растат со кучиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар