Најдобрите потценети главни градови што треба да ги ставите на вашиот список за патување

Најдобрите потценети главни градови што треба да ги ставите на вашиот список за патување

Барате дестинација со многу туристички атракции, но со малку туристи? За среќа, сè уште има многу дестинации што не се вклучени во списокот на туристите. Бидејќи познатите градови се пренатрупани со туристи, сега е најдобриот период да посетите некоја помалку позната и поевтина туристичка дестинација, а ова се само неколку од најдобрите потценети градови во светот.

1. Отава, Онтарио

Најдобрите потценети главни градови што треба да ги ставите на вашиот список за патување

Сите имаат погрешно мислење дека Торонто е главен град на Канада, но главниот град на оваа земја всушност е Отава. Отава е мултикултурна и пријатна престолнина, има само 1 милион жители и е дестинација што мора да ја посетите. Градот е дом на Историски музеј на Канада кој е најпосетуваниот музеј во земјата, дом на историските згради на парламентот и на раздвижениот пазар „ByWard“. Во зима, посетете го каналот „Ридо“, кој се претвора во најголемото природно лизгалиште во светот, кое локалното население всушност го користи за лизгање до работното место.

2. Загреб, Хрватска

Најдобрите потценети главни градови што треба да ги ставите на вашиот список за патување

Величествен е најдобриот збор за да се опише овој неистражен град од страна на туристите. Античките светилки (што се користат уште од 1800-тите години) го осветлуваат центарот на градот, кој е обвиткан со исклучителна барокна и ренесансна архитектура и со плоштади и патеки само за пешаци. Исто така, и новоотворениот Музеј на современата уметност е значаен градски белег.

3. Сеул, Кореја

Најдобрите потценети главни градови што треба да ги ставите на вашиот список за патување

Сеул е најчесто засенет од другите дестинации во Северна Азија, како што се Пекинг, Хонгконг и Токио, но патниците што нема да го посетат овој град пропуштаат многу работи. Сеул може да се пофали со прекрасни планински села и со некои од најистакнатите палати во Азија. Прошетајте по течението на реката Чхонгечхон, низ раскошната патека под нивото на улиците во центарот на Сеул која е пример за успешно еколошко градско разубавување во Азија.

4. Љубљана, Словенија

Најдобрите потценети главни градови што треба да ги ставите на вашиот список за патување

Прекрасната Љубљана е Париз во Источна Европа. Во центарот на градот има бесконечна низа од шармантни кафулиња, слаткарници и ресторани кои се наоѓаат покрај реката Љубљаница и гледаат кон замокот на Љубљана, средновековното ремек-дело што се наоѓа на врвот на еден рид. Улиците со калдрма, интересните мостови и извонредната архитектура го прават овој град да изгледа како бајка.

5. Софија, Бугарија

Најдобрите потценети главни градови што треба да ги ставите на вашиот список за патување

Иако сè повеќе туристи ја посеуваат Источна Европа, Бугарија продолжува да биде заобиколена од туристичкиот радар, што е добра работа за патниците кои бараат неоткриени скапоцени атракции. Овој град е совршен спој на историјата и на архитектурата каде што можете да ги видите сочуваните градски sидови на Археолошкиот музеј во кој се наоѓаат некои од најдобрите колекции во светот на тракиски, римски и грчки споменици. Но, она што најмногу го привлекува вниманието е масивната, позлатена купола на катедралата „Александар Невски“, која е архитектонско ремек-дело што ќе ви го одземе здивот.

6. Киев, Украина

Најдобрите потценети главни градови што треба да ги ставите на вашиот список за патување

Киев често се нарекува и „Градот на златни куполи“ и градот е мајка на источнословенската цивилизација. Во овој потценет град можете среќно да талкате со часови без страв дека ќе треба да се борите со другите туристи за простор. Не пропуштајте да ја посетите катедралата „Свети Михаил“ која има сина и златна купола. Градот е богат со необична архитектура, со прекрасни цркви и со автентични украински јадења. Посетете ја и Киево-печерската лавра, манастирски комплекс кој ќе ве воодушеви со своите подземни пештери.

Погледнете ги и овие 7 помалку познати дестинации што ќе бидат популарни во 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар