Тортата „Снегулка“ е едноставна за приготвување, лесна, пенеста и мека. Поради својот извонреден вкус може да ја подготвите за секаква пригода.rnrn
rn
Потребни состојки за кора:
rn
- rn 011
- 5 белки
- 5 лажици шеќер
- 5 лажици брашно
- 1/2 кесичка прашок за печиво
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Потребни состојки за филот:
rn
- rn 011
- 500 мл млеко
- 5 жолчки
- 100 г шеќер
- 1 лажица ванилин шеќер
- 50 г чоколадо за готвење
- 200 г бисквити
- 300 мл слатка павлака
- 1 кесичка инстант желатин
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Потребни состојки за декорирање на торта:
rn
- rn 011
- 200 мл слатка павлака или шлаг
rn
rn
Начин на подготовка:
rn
- rn 011
- Изматете ги белките со шеќерот, додајте го брашното и прашокот за печиво. Истурете ја смесата во тава обложена со хартија за печење и печете на 200 ᵒC околу 30 минути.
- Загрејте 100 мл млеко заедно со ванилиниот шеќер. Испечената кора избоцкајте ја со чепкалка за заби и прелијте ја со зовриеното млеко. Оставете да се излади.
- Загрејте 400 мл млеко. Разматете ги жолчките со шеќерот, а потоа истурете ја смесата во топлото млеко. Вратете го тенџерето на рингла и варете ја смесата постојано мешајќи. Штом почне да врие тргнете го тенџерето од оган. Измешајте го желатинот во топлата смеса.
- Посебно, изматете 300 мл слатка павлака и спојте ја со млакиот крем. Оставете ја смесата да се излади.
- Нарендајте го чоколадото и бисквитите и додајте ги во филот, кој е целосно изладен, потоа добро промешајте ја смесата.
- Ставете ја кората во тава со обрач и одозгора нанесете го кремот. Ставете ја тортата во фрижидер за добро да се излади. Потоа изматете слатка павлака или шлаг и премачкајте ја целата торта.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnДекорирајте по желба и послужете!rnrnМожеби сакате да го дознаете и рецептот за француските колачи: „Paris Brest“ со крем од кафе.