Има 29 години, 3 деца и 5 пораки за сите татковци

Има 29 години, 3 деца и 5 пораки за сите татковци

Тед Гондер е татко на 3 деца, има 29 години и став со кој освои илјадници жени ширум светот и тоа со само еден искрен текст објавен на неговиот профил на Фејсбук. Во продолжение прочитајте како да ѝ бидете добар партнер на својата сопруга за време на авантуристичкиот период наречени родителство.

Има 29 години, 3 деца и 5 пораки за сите татковци

1. Жената е таа што го носи бебето во стомакот цели девет месеци. Откако ќе се роди, вие носете го бебето на стомакот колку што е можно повеќе. Не само што ќе ѝ помогнете на жената да заздрави, туку тоа ќе ја направи врската со вашето дете посилна отколку што можете да замислите.

2. Жената е таа што дои и колку и да е тоа прекрасно искуство за една мајка, сепак е исцрпувачко. Затоа, вие потрудете се да ја менувате секоја пелена што можете. Не грижете се, брзо ќе престанете да бидете гадливи. На тој начин ќе ги спречите нерамнотежата и незадоволството во врската. И додека другите жени од вашата околина ќе се жалат дека нивните сопрузи ги избегнуваат сите одговорности во врска со бебето, вашата сопруга ќе се смешка во себе.

3. Правете ѝ кафе секое утро. Можеби нема да го испие, а можеби ќе го испие кога ќе се олади затоа што не може да стане навреме. Но, таа била будна голем дел од ноќта хранејќи го своето бебе, па помогнете ѝ да го започне денот колку што е можно поодморена.

4. Кажете ѝ дека е убава и помогнете ѝ да го сфати тоа кога ќе биде најнесигурна во себе. Потсетете ја за сè што постигнала досега, потсетете ја дека е херој. Неа буквално ѝ биле потиснати сите внатрешни органи, добила 10 или 20 килограми повеќе за да ви подари бебе, па помогнете ѝ да ја надмине несигурноста и фокусирајте се на позитивните работи.

5. Прифатете ги ударите бидејќи хормоните беснеат и пред и по породувањето. Понекогаш ќе ви изгледа како тоа да не е жената со која се оженивте, а понекогаш ќе ви каже работи кои никогаш не би ги кажала ако не се чувствува толку уморно. Запомнете дека вашата работа е да бидете покрај неа цело време, дури и кога нејзиниот јазик изгледа поостар отколку што бил досега. Не заборавајте дека вашата сопруга ќе се врати во нормална состојба и тогаш ќе бидете благодарни за тоа што сте имале разбирање.

Прочитајте кои се одликите на вистинскиот татко: Прави сè за семејството и за децата и секогаш ги става на прво место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар