Кога телото ќе рече: „Стоп, доволно ми е“, музиката има моќ да го подигне вашето расположение и да ви даде уште некој атом сила.rnrn
rnrnОткако проучиле повеќе од 6.700.000 компилации за вежби, експертите ја пронашле идеалната музичка позадина за тренинг. Топ-листата на песни што најмногу поттикнуваат на вежбање се базира на нивната популарност, но и на темпото, стилот и текстот.rnrnМузиката ги поместува границите на издржливоста за време на тренингот и поттикнува на вежбање. Вежбањето со музика ќе ве натера да истрчате неколку километри повеќе или да направите повеќе повторувања на некоја вежба. Покрај тоа, музиката ве мотивира и го подобрува расположението.rnrnОва го покажа и истражувањето на Универзитетот „Брунел“ – кога ќе ги синхронизирате движењата со ритамот и ќе го зголемите интензитетот на тренингот со избирање побрза песна, тоа ќе го зголеми ефектот на вежбањето, а нема ни да забележите дека тренирате понапорно. Мотивирачката плејлиста може да помогне во маскирањето на симптомите на заморот, како што е отежнатото дишење, а исто така ќе ви помогне да гледате на заморот на попозитивен начин.rn
Мажите и жените избираат различна музика
rnДодека момците креваат тегови заедно со „The Eye Of The Tiger“, жените ќе изберат хитови од Ријана или Лејди Гага. Покрај разликата во полот, истражувањето покажа дека не може секој жанр на музика да оди со секој стил на вежбање.rnrnТака, рапот е најдобар за трчање бидејќи просечниот број на отчукувања на срцето во минута е помеѓу 75 и 95, што најмногу одговара на темпото на трчање кај повеќето луѓе. Поп-музиката е совршена за побавен вид активност, а тоа ги вклучува загревањето и ладењето.rnrnДенс-музиката е најдобро да се слуша за време на тренинг за сила, поради нејзиниот брз и ритмички бас, а треба да се избегнува рок во активности со висок интензитет бидејќи честите промени во темпото на музиката можат да влијаат на ритамот на вежбата.rnrnМозокот реагира на различни фреквенции и мелодии и затоа ритмичката музика може да ве мотивира да вежбате. Додека слушате ваква музика, мозокот реагира позитивно, ве обзема чувство на енергија и во таква состојба сте мотивирани да вежбате.rn
Најдобрата компилација за тренинг:
rn1. „Roar“ – Кети Пери (ментална подготовка)rnrn2. „Get Lucky“ – Дафт Панк ft. Фарел Вилијамс (загревање)rnrn3. „Need U (100%)“ – Дјук Думонт ft. A*M*E (кардио тренинг со помал интензитет)rnrn4. „Feel My Rhythm“ – Viralites (кардио тренинг со умерен интензитет)rnrn5. „Happy“ – Фарел Вилијамс (кардио тренинг со многу висок интензитет)rnrn6. „The Monster“ – Еминем ft. Ријана (тренинг за сила)rnrn7. „Talk Dirty“ – Џејсон Деруло ft. 2 Chainz (истегнување)rnrnПогледнете ги овие забавни вежби за лесно слабеење.