Како да го изберете најдоброто кафе: Воопшто не е сеедно кое го купувате

Како да го изберете најдоброто кафе: Воопшто не е сеедно кое го купувате

Како вие избирате кафе? Како одлучувате кое од нив е вистинскиот избор и кое ќе се најде во вашата кошничка? Кога во продавница ѝ приоѓате на полицата со кафе, што помислувате? Што согледувате прво? Бојата? Цената? Големината на пакувањето? Дали кафето е со акциска цена? Дали со него има некаков подарок? 1 + 1 гратис? Нов вкус? Шолја за подарок? Лажичка? Со наградна игра?

Како да го изберете најдоброто кафе: Воопшто не е сеедно кое го купувате

Од сето споменато, што би било најповолно за вас?

Додека некои се придржуваат кон правилото за купување исклучиво на кафето што им е вкусно, се случува за моментот да се занемари најважната работа – квалитетот, но и вашиот сопствен вкус. Како понекогаш да заборавате дека не пиете кафе затоа што морате, туку за да уживате целосно во него, додека бесконечно долго го пиете наутро во кревет или попладне, по напорниот работен ден, со добра книга, со омилената серија или во друштво на саканите луѓе.

Понекогаш и покрај тоа што се чувствувате навистина уморно кога станувате наутро, шолја од вашиот омилен црн напиток со совршена полнота и мирис што ги буди сите сетила е сè што ви треба. Замислете кафето да не одговори на очекувањата заради недостаток на пена, густина, или минимална количина талог што не е дури ни „залепен“ на дното од шолјата како што треба? Ќе се разочарате, но…

Понекогаш се навикнувате на одредено кафе

Навиките не треба да се менуваат само ако се добри. Во спротивно, тие треба да се променат што е можно поскоро. Утрото, попладнето или дружењето со пријателите и семејството треба да се зачини со шолја добро свежо мелено кафе, кое по својата арома, изглед и вкус, ќе ве натера да се чувствувате подобро и разговорот едноставно да тече.

Какво е доброто кафе?

Кога ќе подготвите свежо мелено кафе, веднаш ќе го препознаете по длабоката темна боја и богатата пена што се формира на врвот, совршениот вкус и богатата арома, но и финиот слој талог што ќе остане на дното кога ќе ја испиете последната голтка.

Доброто кафе значи и добар ден! Уживајте!

Можеби сакате да откриете и 27-те неверојатни факти за кафето што секој љубител би требало да ги знае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар