Рецепт за посни крофни со шлаг
Погледнете го овој рецепт наменет за гурманите и за љубителите на благо што мора да ја пробаат оваа варијанта на посни крофни со шлаг.
Потребни состојки:
- 200 милилитри вода
- 100 милилитри минерална вода
- 550-600 грама брашно
- 2 лажици соино млеко во прав (без натриум казеинат)
- сол, малку шеќер
- квасец
- кора од лимон
- 50 милилитри масло
- 150 грама шлаг
Начин на подготовка:
Растворете го квасецот во млака вода и додајте го шеќерот. Додајте ги двете лажици соино млеко во остатокот од водата и измешајте. Потоа додајте ги брашното, минералната вода, кората од лимон и маслото и месете додека не добиете меко мазно тесто.
Оставете го тестото да отстои 20 минути. Потоа, на работната површина растегнете го тестото со дебелина од половина центиметар. Половина од крофните формирајте ги со кружен калап, а останатите со калап што прави дупката во средината.
Крофните со дупка во средината ставете ги над тие што се цели, покријте ги да отстојат 10 минути и потоа испржете ги во масло.
Откако крофните ќе бидат готови, дупките исполнете ги со шлаг. Одозгора можете да посипете со шеќер во прав.
Погледнете како да направите и полнети круши.