Дури и кога сакаме да имаме совршен викенд со семејството се случува за нешто да се изнервираме и да им викаме на најблиските, без да го сакаме тоа. За илустрација, во продолжение прочитајте една „сцена“ од нашите животи.rnrn
rnrnВикендот е време за чистење. Ќе ја средите куќата, ќе ги наместите сите нешта како „под конец“ и ќе сварите кафе. Ќе го повикате и сопругот да ви се придружи. Тој ќе посегне по кафето и… Ќе го истури! Тоа ќе ви го „крене“ притисокот и ќе почнете да му викате. Тој ќе ја подигне шолјата и уредно ќе исчисти зад себе, не велејќи ништо.rnrnДа му се случеше ова на некој гостин, кој ништо не ви значи во животот, сигурно ќе му кажевте да не се вознемирува и ќе исчистевте.rnrnТоа се тие апсурди.rnrnМногу често нашите лични стресови ги „лечиме“ викајќи им на најблиските, кои ги сакаме најмногу. А, се трудиме да бидеме пристојни кон некои не толку значајни луѓе, дури и кон оние што нè нервираат.rnrnА не треба и не смееме да правиме така. Нашите најблиски не го заслужуваат тоа. Затоа следниот пат кога ќе се случи некој вообичаен „испад“, избројте до 10 и сетете се дека ништо не е поважно од вашите сакани!rnrnДоколку сакате може да ги дознаете и 7-те суптилни знаци дека можеби сте зависни од стрес.rn
Зошто најблиските често се „жртви“ на нашиот стрес?
