КАФЕ ПАУЗА

Како да се откажете од пушењето цигари со помош на медитација?

Како да се откажете од пушењето цигари со помош на медитација?

Медитацијата е многу ефикасна стратегија во борбата против откажување од зависноста од цигари. Свесната медитација е древна практика, којашто доби голема популарност во последниве години. Тоа се должи на сè поголемиот број истражувања, коишто покажуваат како медитацијата игра клучна улога во подобрување на физичкото и психичкото здравје. Уште поинтересно, е тоа што некои од овие истражувања имаат докажано дека оние коишто ја користат медитацијата како метод за откажување од пушење цигари, значително ги зголемуваат своите шанси целосно и успешно да се ослободат од оваа лоша навика.rnrnКако да се откажете од пушењето цигари со помош на медитација?rnrnМедитацијата е нешто што секој може да го практикува, без разлика на личните убедувања или религија. Сè што ви е потребно е тивко место и 10-тина минути посветеност на дневно ниво.rnrnВо продолжение прочитајте ги трите начини, како медитацијата може да ви помогне во борбата против откажување од оваа лоша зависност:rn

1. Медитацијата го намалува стресот, којшто најчесто ја поттикнува потребата од пушење

rnМногумина пушат цигари за да се чувствуваат подобро, во моментите кога се чувствуваат под стрес или се анксиозни. Тие знаат дека пушењето е лошо за здравјето, но истовремено уживаат во тој момент на релаксација кога ќе повлечат неколку дима. Сепак, реалноста е дека пушењето цигари само моментално помага во менаџирање на стресот, додека пак медитацијата може да ви помогне целосно да се справите и да го надминете стресот, учејќи ве како да го препознаете и прифатете сето она што се случува околу вас. Колку помалку стрес имате во животот, толку помалку причини ќе имате да посегнете по цигара.rn

2. Медитацијата учи како да бидете свесни за вашата потреба од пушење

rnНавиката за пушење цигари, е најчесто нешто што луѓето го прават на автопилот. Тие посегнуваат по цигара бидејќи чувствуваат потреба од никотин, без да размислуваат за последиците од таквата акција. Но, доколку практикувате медитација за да се ослободите од оваа негативна навика, ќе научите како да ги препознаете и прифатите вашите емоции и промените во вашето тело, кога пушите и кога не пушите цигари.rnrnКако да се откажете од пушењето цигари со помош на медитација?rnrnСо одлуката, свесно да ги набљудувате позитивните и негативните промени во вашата физичка и ментална состојба, ќе започнете да ги прифаќате сите ваши емоции и ќе стартувате со позитивни промени во вашето однесување. Со помош на медитацијата, вашиот свесен и прочистен ум ќе ви овозможи да ѝ се спротивставите на потребата од палење нова цигара и да ја промените вашата реакција во стресните моменти, преку учење и прифаќање дека тоа е само лоша зависност, којашто се победува.rn

3. Медитацијата помага во подобрување на самоконтролата

rnНаучно е докажано дека медитацијата предизвикува промени во мозокот, коишто ќе ви донесат значајни позитивни придобивки. Така на пример, откриено е дека оваа практика ја подобрува поврзаноста помеѓу одредени делови од мозокот, коишто се поврзани со самоконтролата. Како што и самите знаете, колку поголема самоконтрола имате, толку поголема ќе биде и вашата волја да се откажете од пушењето. Некои истражувања дури покажуваат дека, пушачите коишто редовно медитираат, почнале да ја скротуваат нивната потреба од пушење, без да го забележат тоа како позитивна придобивка од медитацијата.rnrnДоколку сте испробале повеќе стратегии за откажување од цигари и ниедна не се покажала како успешна, дефинитивно треба да ѝ дадете шанса на медитацијата. Направете си план за откажување, определете датум кога ќе започнете со откажување и забележете како од ден на ден, се ослободувате од оваа лоша и штетна навика, засекогаш.rnrnПрочитајте ги и овие 7 почетнички совети ако мислите дека не можете да медитирате.