Овој германски уметник создава реалистични уметнички дела што „отскокнуваат“ од хартијата
Стефан Пабст (Stefan Pabst) е професионален уметник кој живее во Германија. Тој сака да ги инспирира луѓето преку неговата уметност и преку неговите видеа, прикажувајќи ја магијата на сликањето. На својот канал на Јутјуб, тој создава корисни упатства преку кои го објаснува начинот на кој ги создава делата и покажува како и вие да го направите истото.
Овој уметник прави многу видови цртежи, а она во што најмногу се истакнува е 3Д-илузијата што ја создава. Овие дела се најпопуларните во неговото творештво и изгледаат апсолутно неверојатно и реално.
Стефан Пабст користи моливи, масла и пенкала за да ги создаде своите уметнички дела и ги црта на едноставни парчиња хартија, па дури и на картон. Тој прикажува животни, секојдневни предмети, ликови од поп културата, познати личности и многу други нешта.
Во продолжение погледнете некои негови дела.
Продолжете да ги разгледувате неговите дела на следната страница…