Дејвид Томас Смит е ирски артист кој дипломирал на отсекот за документарна фотографија на Универзитетот Велс во Њупорт. Неговата работа е добро позната насекаде низ светот и тој постојано работи на развивање на неговите фотографски способности, како и туркање на границите на својот медиум.rnrnСмит е креатор на проектот „Anthropocene“ со кој сакал да ја покаже комплексноста на структурите и модерната архитектура. Неговата работа се состои од серија воздушни фотографии кои биле снимени со помош на сателит и потоа детално обработени.
rnrn
„Позајмувањето слики за реупотреба е доминантна карактеристика на мојата работа. Сметам дека тоа е соодветен начин на работа во свет кој стана преплавен со фотографии. Јас создавам дела кои се мултидимензионални. Бидејќи имам искуство во документарната фотографија, за мене е многу важно да можам да привлечам внимание кон социо-економските и политичките проблеми, додека истовремено истражувам повеќе метафизички концепти. Мојата работа е естетски задоволителна, богата со детали и со надеж дека набљудувачот ќе може да се огледа во идеите и проблемите кои преовладуваат во животот, додека истовремено ќе добие и подобра смисла за својата позиција во светот“.
rn

rnrn
„Навлегуваме во ера којашто некој ден би можела да се нарекува, да речеме, антропоцен. Сепак, тоа е геолошката ера на нашето човештво“, А. Ревкин.
rn









rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
