КАФЕ ПАУЗА

Овие 3 навики за време на празничните прослави ја уништуваат кожата на лицето

Овие 3 навики за време на празничните прослави ја уништуваат кожата на лицето

Со оглед на тоа што сезоната на празници е во тек и ќе присуствувате на многу празнични забави, треба да размислите за последиците од ваквиот начин на живот. Колку и да ви е забавно, тоа може да има штетен ефект врз вашата кожа. Подолу прочитајте кои навики ѝ штетат на вашата кожа и како да ја намалите штетата.rnrnОвие 3 навики за време на празничните прослави ја уништуваат кожата на лицетоrn

Божиќни коктели

rnСезоната на празници значи друштвени забави што неизбежно вклучуваат консумирање алкохол. Ненадејното зголемување на внесот на алкохол има негативен ефект врз целото тело вклучувајќи ја и вашата кожа.rnrnАлкохолот е еден од најбрзите начини за дехидрирање на кожата. Toj нема хранлива вредност и само ги суши есенцијалните масла и хранливите материи од кожата, а доколку кожата не е хидрирана, станува сива и покажува знаци на стареење.rnrnИсто така, преголемото внесување алкохол може драстично да ја намали количината на витамин А во организмот. Витаминот А е хранлива материја која го подобрува имунолошкиот систем и е неопходна за очите и за кожата.rnrnАко планирате да присуствувате на празнични прослави на кои ќе пиете многу алкохол, се препорачува да земете додатоци на бета-каротeн, така што нема да го лишите вашето тело од потребниот витамин А.rn

Шеќер

rnАлкохолните пијалaци често се полни со шеќер и имаат високо ниво на гликемиски индекс. Како резултат на тоа, кога пиете вино, пиво и коктели, доживувате нагло зголемување на нивото на инсулин во организмот.rnrnОвој начин на внесување шеќер во организмот може да предизвика разни воспаленија на кожата и појава на акни.rnrnВисокото ниво на внесен шеќер значи повеќе лоши вести за оние кои што уживаат во новогодишните и божиќните коктели и десерти бидејќи шеќерот го забрзува процесот на стареење и предизвикува предвремена старост на кожата.rn

Недостаток на течности

rnПо вечерното внесување алкохол, водата ви е потребна за да спречите дехидрирање на кожата. Поради тоа, пијте многу вода во текот на денот и по забавите.rnrnПрочитајте и кои се најчестите последици врз здравјето од современиот начин на живот.