Ви предлагаме некои едноставни трикови кои многу ќе ви помогнат при подготвувањето на вкусни оброци. Како на најлесен начин да се снајдете во вашата кујна, употребувајќи ги советите од некои врвни готвачи, ви откриваме во продолжение.rnrn
rn
Како да ја одвоите жолчката од белката?
rn
rnrnЗемете празно пластично шише и насочете го отворот кон веќе скршеното јајце во садот. Притиснете со шишето и на тој начин ќе ја вшмукате жолчката која може да ја ставите во друг сад.rn
Прескокнете го миењето на вашите тестенини по варењето
rn
rnrnМиењето на тестенините по варењето ќе ги исплакне сите вкусови и ќе го отстрани скробот од нив, па така и сосот нема да се залепи на нив. Наместо да ги плавите, само процедете ги и оставете ги во сад да се исушат. Но, зачувајте и малку од водата при варењето за сосот да се спои со тестенините.rn
Немојте да жалите ако вашата торта се распадне
rn
rnrnПознатите шефови советуваат парчињата торта да ги ставите во чаша, украсувајќи ги со слатка павлака. Ете го вашиот деконструиран колач во чаши!rn
Одржете ја вашата работна површина чиста постилајќи ја со хартија за печење
rn
rnrnПред да готвите, наредете ги сите потребни работи на работната маса послана со хартија за печење. На тој начин нема да се грижите доколку нешто ви се истури, а и нема потреба дополнително да ги барате потребните состојки.rn
Вашиот сечач за пица употребете го и за сечкање на вашите зачински билки
rn
rnrnИсечете го вашиот магдонос, коријандер или босилек со тркалезниот сечач за пица и така ќе ги заштитите и вашите прсти. Овој сечач може да го употребите и за сечкање на тестенините и палачинките на вашите деца.rn
Употребете го вашиот голем пластичен сад за фрлање на мали отпадоци при готвењето
rn
rnrnЛушпите од јајцата, од зеленчукот и од овошјето, како и другите остатоци може да ги ставите во садот, а потоа да ги фрлите во кантата за отпадоци. Може да го покриете садот со пластична фолија за потоа полесно да го исчистите.rnrnДознајте ги останатите трикови на следната страница…rn