rn
Употребете малку сол при варењето ако сакате вашите тврдо варени јајца лесно да се лупат
rn
rnrnАко сакате да не се мачите при лупењето на јајцата, пред да ги ставите да се варат, во водата ставете мала лажичка сол.rn
Како најдобро да го исчистите вашиот блендер?
rn
rnrnОткако ќе завршите со обработка на вашата храна, ставете во него топла вода и неколку капки детергент за миење садови. Затворете го и пуштете го да работи 10 секунди. Потоа само исплакнете го и оставете го да се исуши.rn
Како да направите лебни трошки?
rn
rnrnАко дома имате остатоци од леб или кифли, а не сакате да ги фрлите, тогаш замрзнете ги во ладилник ставајќи ги во пластично вакуум ќесе. Потоа извадете ги од ладилникот и иситнете ги со вашиот блендер. Така ќе имате лебни трошки за следното готвење.rn
Како најдобро да го исцедите лимонот?
rn
rnrnШефовите советуваат да го ставите лимонот во микробранова печка на 10 секунди. Потоа извадете го лимонот на кој растителните клетки му се веќе распаднати и може да исцедите поголема количина од сокот кој го содржи.rn
Изрендајте го путерот со ренде наместо да го ставите издробен на парчиња во смесата за пита
rn
rnrnНаместо да го исечкате на парчиња, путерот при правење на пита може да го додадете во брашното изрендан на ренде. Но внимавајте, за да го употребите на овој начин, најпрво треба да го замрзнете за полесно да се ренда.rn
Додадете им вкус на вашите чорби употребувајќи го виното што ќе ви остане
rn
rnrnЗамрзнете го преостанатото вино од забавата во калап за лед. Коцките замрзнато бело вино може да ги употребите за супи и чорби, а замрзнатите коцки црвено вино може да ги додадете во манџите со домати и говедско месо.rnrnМожеби сакате да дознаете и како да подготвите колач од топло млеко.
