Направи сам: Лулашка од платно за совршен одмор
Без оглед на целата технологија што ја обезбедува 21-от век, некои работи и активности се имуни на промените што ги носи модерното време. Лулашките се меѓу таквите и дефинитивно се задолжителни кога станува збор за одмор и уживање.
Тие се интересни за децата, како и за возрасните, па секој би можел да го помине своето слободно време на нив, уживајќи во природата, во добра музика или во некоја убава книга.
Имајќи го ова предвид ви предлагаме сами да направите лулашка, што ќе биде целосно во склад со вашите потреби и афинитети. Ова е предизвикувачки проект и треба повеќе да се потрудите, но доколку строго ги следите упатствата ви гарантираме апсолутно уживање.
Потребни материјали:
- Дрвена дабова прачка со дебелина од 3,5 цм и должина од 90-100 цм
- 500 цм јаже изработено од плетен полипропилен
- Платно 200 х 200 цм
- Машина за шиење
- Пегла
- Акрилни бои
- Четка
- Кука од не’рѓосувачки челик
Постапка:
1. Преклопете го платното на половина и ставете го на рамна површина, така што преклопениот дел да биде од лево. Со линијар измерете 20 цм од горниот десен раб и обележете ја точката. Со пенкало, поврзете ја означената точка со долниот десен агол на преклопеното платно и внимателно со ножици, отстранете го означениот дел.
2. Раширете го платното и ставете го на рамна површина. Преклопете го горниот раб за 1 цм и пеглајте го. Потоа, преклопете го за уште 1 цм, повторно пеглајте и сошијте ја страната по целата должина. Повторете ја истата постапка со долниот дел.
3. Завртете го платното за 90 степени во лево, така што подолгиот порабен дел да дојде од десно. На двете страни на платното направете џебови пред да шиете, како што е прикажано на сликата. Низ џебовите треба да минува јажето.
4. Откако ќе го направите џебот, свиткајте го работ околу 4 цм (доволно за да помине јажето) и почнете да шиете. Повторете ја истата постапка на двете страни.
5. Откако ќе ги сошиете сите рабови, можете да го украсите платното со акрилни бои.
6. Од двете страни на краевите на прачката, направете две дупки (на 5 и на 10 цм). Треба да имате вкупно 4 дупки, како што е прикажано на сликата.
7. Едниот крај на јажето врзете го во јазол, така што под јазолот ќе останат околу 7 цм. Слободниот дел од јажето протнете го надолу низ надворешната дупка на прачката. Продолжете со протнувањето преку долниот (поширокиот) дел на платното, па кон горниот (потесниот) дел. Кога јажето ќе помине низ целиот раб на платното, пред да го протнете низ внатрешната дупка на прачката направете јазол (на околу 90 см од првиот јазол).
8. Продолжете да протнувате надолу низ другата надворешна дупка на прачката. Потоа измере повторно 90 см од крајот (слободниот дел) и врзете лабав јазол. Протнете го јажето и низ другата страна на платното и потоа нагоре низ последната дупка на прачката пред да завршите со јазол со 7 цм слободни. Доколку двете страни на лулашката не се еднакви, прилагодете ги јазлите пред цврсто да ги потегнете.
9. Најдете го центарот на јажето над прачката и врзете јазол оставајќи околу 20 цм слободни, па закачете го за куката. Вашата лулашка е готова!
Прочитајте за овие 10 интересни начини со кои старите џемпери ќе ги претворите во нешто ново.