Еве што треба прво да направите за да се спасите во случај на земјотрес
Кога ќе се случи сериозна катастрофа како поплава, земјотрес или пожар сфаќаме колку малку знаеме за тоа како да се справиме со криза.
Во продолжение следуваат основни информации за тоа што мора прво да сторите за да се спасите за време на земјотрес.
Во случај на земјотрес…
- Останете смирени и будни. Бидете свесни дека некои земјотреси се само почетни земјотреси и дека наскоро може да следи последователен, поголем земјотрес.
- Не паничете!
- Не обидувајте се да трчате!
- Легнете на подот во положба на фетус и заштитете ја главата.
- Како и во повеќето случаи (поврзани со повеќето природни или други катастрофи), сите домаќинства треба да знаат каде им е главниот прекинувач за напојување со струја и каде се главните вентили за гас и вода и како се затвораат (исклучуваат).
- По можност, при рака секогаш треба да имате помошни средства (батериска ламба, транзистор, кутија за прва помош, итн.).
Ако земјотресот започне додека сте во затворен простор:
- Бидете внимателни и не паничете, паниката може да биде главен виновник за неразумно однесување по првиот земјотрес.
- Не обидувајте се да трчате, спуштете се на подот и покријте ја главата со рацете.
- Доколку земјотресот започне додека сте на приземје од станот или куќата, после првите потреси, излезете на отворено, избегнувајќи дрвја, улично осветлување, електрични кабли и други структури.
- Ако земјотресот ве зафати додека сте на повисоките спратови, засолнете се веднаш до носечките ѕидови, под рамките на вратите, во внатрешниот агол од просторијата, под масата и заштитете ги очите со рацете.
- Држете се настрана од стаклените површини, надворешните ѕидови, вратите или што било друго што може да падне, не пробувајте да побегнете преку терасата.
- Ако ситуацијата дозволува, исклучете ги сите извори на електрична енергија, гас и вода.
Ако сте во автомобил, не застанувајте под подвозник, покрај електричните кабли или во тунел. Сопрете на отворено и останете во автомобилот.
Ако сте на отворено, оддалечете се од какви било објекти или предмети што може да ве загрозат (да паднат на вас) и заштитете ја главата со рацете или чантата.
Како да постапите ако се најдете под урнатини?
- Не палете кибритчиња.
- Покријте ја устата со шамивче или крпа.
- Обидете се некако да го привлечете вниманието на спасувачите (да удирате во некој предмет, цевка и сл.) Не довикувајте гласно заради големата прашина што се шири во вакви случаи.
Што да направите по земјотресот?
- Кога ќе престане првиот земјотрес, напуштете ја просторијата земајќи ги најважните, зачувани работи (зградата прво ја напуштаат мајките со деца, старите лица и лицата со попреченост).
- Не ја напуштајте зградата со лифт, користете само скали, (инсталациите може да бидат оштетени, лифтовите може да пропаднат како резултат на првиот или при повторен земјотрес, електричната енергија може да престане итн.)
- Исклучете ја електричната енергија од главниот прекинувач и запрете го гасот и водата од главниот вентил.
- Помогнете им, доколку ситуацијата дозволува, на жртвите за да не мора да се движат тешко повредените лица.
- Користете само флаширана вода или од водата за пиење што ќе пристигне како помош.
- Следете ги упатствата од медиумите.
Можеби сакате да прочитате и за вратата која ќе ве заштити од земјотрес.