Научниците откриваат кои се вистинските причини поради кои ги привлекувате другите
Дали е убавината всушност во очите на тој што ве гледа? Да, но и во носот и во ушите. Новите истражувања откриваат дека се работи за целиот пакет од сетилни доживувања.
Да бидеме искрени: изгледот е важен. Кога ќе видите одреден склоп од очи, јаболчници и коса кај одредена личност што ви се допаѓаат, вие сте привлечени. И додека постојат многу трикови како да бидете физички пожелни, новите истражувања покажуваат дека изгледот е само „прозорец“ кога станува збор за нечија привлечност. Убавината – или вистинската појавност – е подлабока.
Агата Гроецка, истражувач на Универзитетот во Вроцлав, Полска, истражувала како се перципира привлечноста и како ја восприемаме. Заедно со нејзините соработници, таа анализирала резултати од истражување за привлечноста, кое траело 30 години.
Согледбите на Гроецка велат дека она што го мирисате и она што го слушате може да игра голема улога во тоа од кого ќе бидете привлечени. Според неа, повеќето согледувања досега се фокусирале на визуелната привлечност – на пример, атрактивноста на лицето или на телото. Сепак, употребата на информациите од другите сетила и нивната улога во општествените односи рапидно расте и не треба да се игнорира. Восприемањето на другите преку сите три сетила дава посигурен и поширок спектар на информации за нив. Иако нè привлекува изгледот на личност со сличен генотип, може да нè привлече мирисот на човек со различна генетска позадина. Комбинацијата од двата параметри може да ни помогне да избереме генетски комплементарна личност.
Заклучокот е дека дури и тонот на нечиј глас, па дури и неговиот мирис, исто така, може да остави впечаток кога ќе го сретнете, дури и ако не го сфатите тоа. Секако, иритирачкиот глас или мирис може да ве оддалечат – но токму тие нешта може да бидат привлечни за друг.
Можеби ќе сакате да прочитате и за ова научно истражување: Луѓето кои добро раскажуваат приказни се попривлечни.