Пет интересни начини на употреба на пчелиниот восок

Пет интересни начини на употреба на пчелиниот восок

Употребувате мед за да направите најразлични колачи и маски за лице. Но, дали знаевте дека вредните пчели произведуваат и друга леплива супстанција што може да се користи на безброј начини?

Зборуваме за пчелиниот восок – магичната состојка што ја создаваат пчелите за да го изградат своето саќе. Кога пчеларите собираат мед, нус-производ во процесот на екстракција е пчелиниот восок. Тој потоа се топи во плочка и може да се купи. Зошто дефинитивно треба да го купите? Пчелиниот восок е природна супстанција која може да се користи во домот, за разубавување, па дури и при готвењето. Исто така, има долг рок на траење и низа заштитни својства.

Се прашувате што друго освен свеќи и балсами за усни можете да направите од оваа долготрајна и природна состојка?

Прочитајте во продолжение!

1. Полирање на вашиот мебел

Дали дрвените столчиња во трпезаријата изгледаат малку стари? Додадете им сјај на сосема природен начин. Потребни ви се само две состојки: измешајте 1 лажица пчелин восок со 3 лажици маслиново или кокосово масло и растопете ги на пареа. Оставете ја течноста да се излади и зацврсти, а потоа нанесете од смесата со чиста крпа на дрвените површини. Со друга чиста крпа, на крајот пребришете и столчињата ќе изгледаат како нови.

2. Направете украси за подарок

Дозволете им на вашите деца да ви помогнат во овој проект. Измешајте еднакви количини на пчелин восок и дробен сапун и растопете ги. Кога смесата ќе биде течна, истурете ја во помали калапи по ваша желба и додадете неколку капки прехранбена боја. Добро измешајте и почекајте неколку часа за да се стврдне восокот.

3. Заштитете ги вашите чевли од вода

Вашите обувки од кожа или платно прво добро исчистете ги, а потоа премачкајте ги со восок кој ќе го растопите со фен. На крај, отстранете ги остатоците од восокот со крпа.

4. Премачкајте ги вашите тави

За вашите садови за печење да бидат како нови, премачкајте ги со восок. Нанесете пчелин восок во нивната внатрешност и подготвувајте ја храната како и обично. Вашите садови ќе добијат траен сјаен слој, што значи дека нема да морате да ги чистите детално по секоја употреба.

5. Поправете го заглавениот патент

Кога температурите надвор се намалени, време е да ја извадите топлата гардероба од вашиот плакар. Проблем? По неколкумесечно неупотребување, патентите од вашите палта се движат со тешкотии. Може лесно да го решите проблемот со втривање на малку пчелин восок во патентот. Ќе работи како нов.

Можеби сакате да прочитате и за 12-те примени на сода бикарбоната за кои веројатно не сте знаеле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар