8 кралски модни трикови кои всушност се генијални

8 кралски модни трикови кои всушност се генијални

Жените од кралското семејство живеат во центарот на вниманието и не сакаат недостатоци во изгледот. Затоа, имаат модни трикови кои ги користат за формални прилики.

Погледнете ги овие 8 генијални модни трикови кои им помогнале на Кејт Мидлтон, Меган Маркл и на принцезата Дајана да блескаат.

Принцезата Дајана носела плик чанта за да го сокрие деколтето

Принцезата Дајана носела плик чанта за да го сокрие деколтето додека излегувала од автомобилот. Зошто? За да ги спречи сите коментари и љубопитни фотографи од објавување на нејзини фотографии.

Кејт Мидлтон носи хулахопки со лепливи влошки

8 кралски модни трикови кои всушност се многу генијални

Не е тајна дека дел од кралскиот протокол за жени е да носат хулахопки, но мазниот материјал може да предизвика лизгање на нозете. Затоа, Кејт Мидлтон секогаш користи лепливи силиконски влошки во внатрешноста на нејзините чевли со високи потпетици.

Принцезата Дајана носела капи со скриени чешлиња за коса

8 кралски модни трикови кои всушност се многу генијални

Формалните настани бараат носење капи, па сигурно во одреден момент сте се запрашале, како големите шапки можат да стојат без да паѓаат? Принцезата Дајана користела чешлиња за коса, што ѝ ги држеле капите за косата, па така не паѓале. Скриено и чудно, но многу корисно!

Кејт користи мрежи за коса

8 кралски модни трикови кои всушност се многу генијални

Кејт честопати носи мрежа кога има фризура за службени прилики. Тие ја држат косата цврсто и не доаѓа до непријатности и уништување на фризурата.

Кралските жени често носат облека направена од подебели материјали

8 кралски модни трикови кои всушност се многу генијални

Кејт Мидлтон го спречува ветрот да си игра со нејзината облека, со тоа што секогаш избира облека од подебели ткаенини. Друг трик кој понекогаш го практикуваат кралските жени е зашивање мали тегови на облеката.

Кралските жени носат поголем број на чевли

8 кралски модни трикови кои всушност се многу генијални

Според модниот стручњак Хариет Дејви, носењето поголеми чевли е трик што го користат многу познати личности. Го практикуваат кога се на црвениот тепих и тоа е од една причина – избегнување на плускавци.

Меган Маркл обожава ниски пунџи

8 кралски модни трикови кои всушност се многу генијални

Меган сака ниски и неуредни пунџи, бидејќи подоцна за време на други настани во текот на денот, може да ја обликува косата како сака. Носењето ниска пунџа не предизвикува лошо прекршување на косата.

Кејт носи кожни влошки во нејзините потпетици за да избегне болки во нозете

8 кралски модни трикови кои всушност се многу генијални

Кралските функции подразбираат носење модерна облека, а тоа обично значи дека жените мораат да носат чевли со високи потпетици. Кејт Мидлтон поминува многу време на потпетици, па кожните влошки се нејзиното генијално решение. Освен за чевлите на висока потпетица, таа користи влошки и за рамни чевли и сандали со отворена пета.

Прочитајте и за кратката историја на кралските фризури, од кралицата Елизабета I до Меган Маркл.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар