Како да направите новогодишна елка од тестенини?
Новогодишната елка од тестенини е прилично лесна за изработка, евтина и убава. Погледнете како да ја направите оваа златна елка направена од макарони во форма на панделки.
Елката од тестенини е едноставна и евтина декорација што можете лесно да ја направите заедно со своите деца. Најдобро е да започнете да ја правите елката малку порано затоа што изработката е долготрајна.
Можете да залепите два реда панделки на картон и да ги оставите да се сушат еден ден, а потоа да продолжите со следните слоеви. За среќа, колку што е помал обемот на конусот, толку и работата оди побрзо.
Потребни материјали:
- Картон или стиропор
- Тестенини (можете да изберете форма по ваша желба)
- Лепило
- Златен или сребрен спреј
- Украси
- Стаклено шише со зашилен врв (на него ќе го ставите картонот)
Исечете полукруг од картон – колку што е поголем полукругот, толку поголема ќе биде елката. Залепете го во форма на конус и ставете го на шишето. Почнете да ги лепите тестенините колку што е можно погусто за да не се гледа картонот и продолжете така сè до врвот. Откако ќе се исуши лепилото, нанесете спреј. Потоа, откако ќе се исуши спрејот, залепете ги украсите.
Погледнете ја постапката чекор по чекор.
Погледнете ги овие 22 прекрасни новогодишни украси кои можете да ги направите со сопствените раце.