КАФЕ ПАУЗА

4 одлични вежби за момците и девојките кои долго време седат пред компјутер

Доколку имате типична канцелариска работа која бара долго седење пред компјутер или пак, работите од вашиот дом, повторно седејќи пред монитор, тогаш сте дошле на вистинското место. Овој вид долго седење проследено со малку движење може да предизвика најразновидни болки и потешкотии, а особено е штетно за ‘рбетот.rnrn4 одлични вежби за момците и девојките кои долго време седат пред компјутерrnrnНајчестите последици од долгото седење се слаби и крути мускули, како и скратени тетиви и лигаменти, што во крајна мера предизвикува лошо држење и болки во грбот и вратот. Најдоброто решение се вежбите, а еве кои ви ги препорачуваат експертите на ова поле:rn

Птица – куче

rnПоставете се на колена и дланки, притоа одржувајќи го грбот рамен. Истовремено подигнете ја едната рака и едната спротивна нога, така што ќе го задржите грбот рамен, а потоа вратете се во основната позиција. Направете 4 серии од 15 повторувања.rnrnrnrn

Подигнување колкови

rnЛегнете на под и раширете ги нозете така што колената ќе ви дојдат во ширина на рамената. Подигнете ги колковите, држејќи го останатиот дел од телото на подот, па вратете се во основната положба. Направете 4 серии од 15 повторувања.rnrnrnrn

Истегнување на грбот

rnЛегнете на стомак. Подигнете го горниот и долниот дел од телото и задржете се кратко во таа позиција. Вратете се назад. Направете 4 серии од 10-15 повторувања.rnrnrnrn

Бочно подигнување

rnПоголемиот дел од вас сигурно нема во својот дом тегови, но каков било отпор за оваа вежба е практичен, па токму затоа и можете да искористите што било, како на пример, 2 шишиња од по 2 литра вода. Седнете на подот и потпрете се со градите на колена. Подигнете ги само рацете, бавно враќајте ги наназад. Направете 4 серии од 12-15 повторувања.rnrn