Десерт во чаша: Меден мус
Речиси не постои некој што може да одолее на мирисот на вкусен десерт. Ако сакате вашиот десерт да изгледа и да мириса убаво, тогаш овој рецепт е вистинскиот за вас.
Потребни состојки:
- 200 грама црно чоколадо
- 70 грама путер исечкан на парчиња
- 350 милилитри слатка павлака
- 2 јајца
- 2 лажици мед
- 1 лажица амарето
Начин на подготовка:
Во сад на пареа растопете ги чоколадото и путерот, а потоа тргнете ги од шпоретот. Во друг сад изматете ја слатката павлака додека да згусне, но не премногу (издвојте малку за декорација).
Во посебен сад изматете ги јајцата и медот додека не добиете пенеста смеса. Потоа, додајте го амаретото, растопеното чоколадо со путерот и павлаката и измешајте. Ставете го мусот во чаши или во длабоки садови и оставете го да се излади барем еден час, а потоа уживајте во мирисот и во вкусот.
Погледнете го и овој лесен рецепт за подготовка на брауни колачиња со мармалад од сливи.