Погледнете ги Гинисовите достигнувања по повод Новата година и божиќните празници:rn.rn
Најголема колекција на предмети со Дедо Мраз
rn
Jean-Guy Laquerre од Канада поседува 25.104 најразлични предмети со Дедо Мраз. Предметите се собирани од 1988 година. Неговата колекција вклучува 2.360 фигури, 2.846 честитки од 33 земји, 1.312 салвети и 241 значки и брошеви.rn.
rnrn
Најголемо собирање на Дедо Мразовци
rn
13.000 луѓе се собраа на плоштадот Гилдхол во Северна Ирска на 9 декември 2007 година.rn.
rnrn
Најголемо собирање на новогодишни џуџиња
rn
Скоро 800 луѓе се собраа во Бриџенд, Јужен Велс со цел да го постават рекордот за најголемо собирање на новогодишни џуџиња. Претходниот рекорд беше поставен во Њујорк, каде во декември, 2009 година се собраа 607 луѓе.rn.
rnrn
Најголем Дедо Мраз
rn
Дедо Мраз со димензии 15,6 м височина, 11 м широчина и 4 м длабочина беше поставен на влезот на трговскиот центар Танглин во Сингапур. Дедо Мразот тежел 2,5 тони.rn.
rnrn
Најголема новогодишна елка што плута на вода
rn
Оваа елка плутала во водите на Рио де Жанеиро во 2007 година, за време на годишната прослава. Била висока 85 метри.rn.rn
Најстара новогодишна елка
rn
Секоја година, Џенет Паркер од Чипенхам, Вилдшир, Велика Британија ја украсува нејзината новогодишна елка која ја купила во далечната 1886 година. Елката е со висина од 30 см.rn.rn
Најголема новогодишна чорапа
rn
Најголемата новогодишна чорапа е со димензии 32,56 м должина и 14,97 м широчина. Направена е на 14 декември 2007 година од страна на Друштвото на деца во Лондон.rn.
rnrn
Најголема божиќна ѕвезда
rn
Оваа ѕвезда е со димензии 31,598 м височина и е направена на 31 декември 2009 година од две компании од Индија.rn.rn
Најпродаван музички новогодишен сингл
rn
Синглот „White Christmas“ од Бинг Крозби има рекордна продаденост од над 100 милиони низ светот од времето кога е излезен, 1942 година.rn.rn
Новогодишен филм со најголема заработка
rn
„Како Гринч го украде Божик“ (How the Grinch Stole Christmas) – 2000 година, Америка; главна улога: Џим Кери, буџет: 123 милиони долари; заработка: 340 милиони долари.rn.rn
Најмногу светилки на новогодишна елка
rn
Овој подвиг е постигнат од германската телевизија RTL на 22 декември 2006 година, кога 150.000 светилки светеле истовремено на новогодишната елка.rn.rn
Најскапо украсена новогодишна елка
rn
На 7 декември 2002 година е украсена најскапата елка со 83 парчиња накит што вредат 1.357.785.000 јени или 16 милиони долари. Елката е украсена во Tsunamachi Misui Club, Токио, Јапонија.
