Активниот јаглен се користи за намалување на вишокот килограми и како лек за стомачни тегоби. Но, тој има и многу други својства и поради тоа не се користи само во медицината, туку и во козметиката. Подолу прочитајте ги 12-те необични примени на активниот јаглен.rnrn
rn
1. Апсорбира мириси
rnЈагленот во прав може да се користи како дезодоранс во фрижидерот. Само ставете малку јаглен и тој ќе апсорбира најразлични мириси. Исто така, можете да го користите и за апсорбирање мириси во тоалетот.rn
2. Боја на храна
rnХраната обоена со црна боја е тренд и го освои Интернетот. Најголем дел од таа храна е обоена со јаглен. Јагленот ѝ дава интересна боја на храната и ја прави поздрава. Лесен е за употреба, само отворете ја капсулата и користете го прашокот како што ја користите вообичаената боја за храна.rn
3. Ги чисти скалпот и косата
rnЈагленот длабоко ги чисти скалпот и косата и особено се препорачува за луѓе што имаат проблем со вишок мрснотии. Јагленот ги отстранува себумот и нечистотиите од косата давајќи ѝ свежина и дополнителен волумен. За луѓето што се борат со првутот, јагленот може да се користи како помошен лек.rn
4. Маска за чистење на лицето
rnОваа маска се прави за една минута. Измешајте јаглен од две капсули со 1 лажица желатин или вода. Оставете ја маската на лицето додека не се исуши целосно. Овој третман помага во чистењето на порите и во отстранувањето на мртвата кожа.rn
5. За дијареја
rnЈагленот има силни апсорбирачки својства и ги апсорбира останатите супстанции вклучувајќи ги и бактериите и токсините што предизвикуваат дијареја. Јагленот ги заробува и ги врзува, а потоа заедно со нив се излачува од телото. Покрај тоа, јагленот ја покрива гастроинтестиналната слузница со слој што ја штити од штетни материи.rn
6. Избелување на забите
rnКога станува збор за избелување на забите, активниот јаглен ги отстранува дамките. Всушност, ја менува pH-вредноста на устата и ги убива бактериите одговорни за кариес и за гингивитис. По природа, јагленот е тврд, но не грижете се, нема да ги оштети забите. Всушност, јагленот е еден од најдобрите начини за избелување на забите и враќање на свежиот здив.rn
7. Ги отстранува токсините од телото
rnАктивниот јаглен ефикасно ги отстранува разните видови пестициди од телото. Покрај тоа, помага да се спречи предозирањето со некои лекови. За детоксикација, треба да земете 50-100 грама јаглен во капсули, но претходно консултирајте се со лекар.rn
8. Против акни на грбот
rnАктивниот јаглен многу добро ја чисти кожата од себум и од бактерии. Благодарение на ова, купката со јаглен може да ги излечи дури и најтешките случаи на акни. Во водата ставете само 2 капсули прав.rn
9. Убод и осип
rnВо случај на убод од пчела или од комарец, измешајте две лажици активен јаглен со една лажичка кокосово масло и нанесете ја смесата на болното место. Нанесувајте на секои 30 минути додека не почувствувате дека се намалуваат чешањето или осипот.rn
10. Труење со алкохол, мамурлак
rnАктивниот јаглен не апсорбира алкохол, но ќе ви помогне во отстранување на вишокот токсини од телото што предизвикуваат мамурлак. Ако земете активен јаглен во исто време со консумирањето алкохол, можете значително да ја намалиме количината на промили во крвта. Најдобро е да земете четири капсули веднаш по консумирањето алкохол и да се напиете малку вода.rn
11. Лош здив
rnДруго корисно својство на активниот јаглен е можноста да го отстрани непријатниот мирис бидејќи ја дезинфицира устата и има позитивен ефект врз дигестивниот систем.rn
12. Воспаление на окото
rnСтавете јаглен во прав во памучна кеса, врзете ја и потопете ја во топла или во ладна вода. Ефектот ќе биде навистина неверојатен.rnrnПрочитајте и за необичната примена на шеќерот и во кои ситуации тој е повеќе од добредојден.