Обрнете внимание на симптомите затоа што некои од нив не се безопасни како што изгледаат, па ако ги почувствувате, посетете кардиолог. Еве кои симптоми укажуваат на кардиоваскуларни заболувања и кои фактори го зголемуваат ризикот од нив.rnrn
rn
Болка во градите
rnБолката во градите укажува дека нешто не е во ред и дека треба да направите контрола. Иако срцето не е единствената причина за оваа болка, најдобро е да посетите лекар и да се ослободите од сомнежите.rnrnБолката која е поврзана со срцевите заболувања има и придружни симптоми како што се чувството на тежина и притисок во градите, болка која се проширува на грбот, на вилицата, на рамењата и на рацете. Оваа болка обично трае неколку минути и се повторува неколку пати во краток временски период. Болката е проследена и со кратко дишење, со потење, со вртоглавица и со гадење.rn
Висок крвен притисок
rnВисокиот крвен притисок е главен фактор за ризик од срцева слабост. Тој е наречен и тивок убиец затоа што нема симптоми кои сугерираат дека нешто не е во ред со вашиот крвен притисок, освен ако не го измерите. Од овие причини, препорачливо е редовно да го следите нивото на крвниот притисок.rn
Губење на здивот
rnАко ова ви се случува често, тоа може да укажува на аритмија или на коронарни заболувања.rn
Чад од цигари
rnПушачите имаат поголема веројатност да го нарушат здравјето на срцето, па затоа се препорачува редовно да посетуваат лекар.rn
Висок холестерол
rnЗголеменото ниво на холестерол покажува дека мрснотиите се наталожиле на крвните артерии, а таквата состојба е многу ризична. Нивото на холестерол можете да го регулирате преку исхраната или во краен случај, со лекови.rn
Хронично заболување на бубрезите
rnАко бубрезите не ви работат правилно, постои ризик од срцеви заболувања.rn
Некој веќе имал слични болести во семејството
rnНекои срцеви болести се наследни. Ако некој во семејството веќе имал некое срцево заболување, лекарот може да го утврди степенот на ризик за вас.rn
Болест на периферните артерии
rnПериферната артериска болест претставува стеснување на периферните артерии, особено на нозете. Слична е на коронарната артериска болест и често се случува личноста да ги има и двете заболувања. Пушењето, високиот крвен притисок, холестеролот и дијабетесот го зголемуваат ризикот од заболување. Промените во периферните артерии предизвикуваат стеснување, а во краен случај и затнување на артериите.rn
Намалена физичка активност
rnЗа да можат телото и срцето да функционираат правилно, треба да бидете физички активни. Вежбањето носи многу придобивки за целото тело, па затоа се препорачува каква било физичка активност најмалку два пати неделно. Современиот животен стил ја намали оваа активност на минимум, а токму тоа создава огромен ризик од срцеви заболувања.rn
Вишок килограми
rnНајопасните килограми се оние акумулирани околу стомакот. Мрснотиите во тој дел укажуваат на тоа дека сите органи се загрозени, а најмногу срцето. За нормално функционирање и за намалување на ризикот од срцеви заболувања, потребна е соодветна и здрава исхрана.rnrnПрочитајте и кои намирници помагаат во спречувањето мозочен удар.