КАФЕ ПАУЗА

Што не смеете да пребарувате на Интернет?

Што не смеете да пребарувате на Интернет?

Written by

in

Повеќето од нас се навикнати на Гугл да пребаруваат одговори на најразлични прашања – од рецепти до медицински совети и онлајн банкарство. Gadgets Now открива дека на Гугл никогаш не треба да пребарувате вакви веб-страници.rnrnШто не смеете да пребарувате на Интернет? rnrnМногу луѓе забораваат дека Гугл е само онлајн платформа, преку која наоѓате веб-страници што ги нудат информациите што ги барате. Гугл нема своја сопствена содржина, така што за тоа што пребарувате, можеби нема да ви даде точен одговор или информација.rnrnНа Гугл постојат многу лажни страници за онлајн банкарство. Најдобро е да не ја пребарувате на Гугл веб-страницата на вашата банка, освен ако не ја знаете нејзината точна адреса.rnrnСекогаш внесувајте ја официјалната URL-адреса за пристап до веб-страницата за да бидете безбедни, а причината за тоа е што веб-страницата што изгледа како да е на вашата банка може да ви ги украде приватните информации и вашата лозинка.rnrnИсто така, една од најпопуларните онлајн измами е објавувањето лажни веб-страници на компании и контакт броеви од корисничките служби.rnrnГугл дефинитивно не е ни вистинското место за да ги барате соодветните лекови. Gadgets Now советува да се консултирате со лекар и да не се потпирате на информациите на Гугл за потенцијалните заболувања.rnrnИсто така, многу е опасно да купувате лекови врз основа на информациите што сами сте ги пронашле на Интернет.rnrnПрочитајте како да ја видите и да ја избришете вашата историја на пребарувања на Гугл.