Професионална нега на коса во комфорот на вашиот дом
САМО ВО dm: производи за професионална нега на коса со цени веќе од 99 денари
Негата на косата е нешто со што сите сме запознаени и нешто што го правиме речиси секојдневно. Но дали правилно ја негуваме? Дали ги користиме правите производи? Како ги одбираме производите за нега? По нивните состојки, брендот или според типот на нашата коса?
Многумина од нас сонуваат за сјајно, цврсто и негувано влакно. Овој неостварен идеал сега многу едноставно можеме да го претвориме во реалност во комфорот на нашата бања. Благодарение на понудата на производи за професионална нега на коса во дрогериите на dm Македонија сега и најоштетената коса има шанса повторно да блесне со неверојатен сјај.
Но, кои се овие професионални производи и како тие влијаат на обновата и здравјето на нашата коса? Токму на полиците во dm можете да забележите посебно обележани производи, кои, благодарение на своите несекојдневни состојки ги класифицираме како професионални!
Balea PROFESSIONAL
Balea е бренд, кој од појавувањето на dm на нашиот пазар во 2012 година, на сите нас ни е многу добро познат. Но дали ги познаваме и Balea PROFESSIONAL производите кои се наменети за професионална нега на коса. Благодарение на широката палета на производи, Balea PROFESSIONAL нуди најразлични состојки за различни типови на коса. Одберете го шампонот и регенераторот кој најмногу одговара според вашата коса и дозволете професионален третман по неверојатни цени од само 99 денари.
Хијалурон или Ботокс?
Кога станува збор за кршлива и оштетена коса, посебно се истакнуваат две состојки: хијалуронска киселина и ботокс.
KAYPRO производите за професионална нега, достапни на полиците во dm дрогериите се вистински чудотворци кога е во прашање обновата и регенерацијата на влакното. Прочитајте ги карактеристиките на овие неверојатни производи и одберете го правиот според вашите потреби.
Био арган и пченична амино киселина како правилна исхрана за влакното
Длабинската нега на влакното и негата одвнатре се есенцијални за одржување на сјајот и одржувањето на нивото на хидратација. LAKME е бренд кој преку своите производи пружа врвна професионална нега. Своите две неверојатни линии, Deep Care и Bio-Argan oil, ги заснова токму на овие две благородни состојки, кои ќе го нахранат влакното одвнатре и ќе ја направат вашата коса свилна, мазна и совршено хидрирана.
Со кератински комплекс до подобар сјај, хидратација и заштита на екстремно оштетената коса
Кератинот како состојка е сѐ повеќе барана и употребувана во производите за нега на коса. Кератинот нуди одлична заштита околу кутикулите на влакното и помага во одржување на здрава, мека, сјајна и силна коса. Производите за професионална нега на коса REDIST, достапни во дрогериите на dm, содржат супер кератински комплекс, кој ќе ви помогне во создавањето и одржувањето на здрава и сјајна коса. Прочитајте повеќе зошто токму оваа линија е погодна за твојата коса.