Џоана Јустиц од германскиот град Вермелскирхен, сопственичка на златен ретривер, неодамна се изненадила кога видела дека нејзината кучка на свет донела кученце со зелена боја.rnrn
rnrnТаа била многу загрижена, но ветеринарите ѝ објасниле дека со кученцето е сè во ред и дека се работи за еден вид аномалија која не влијае на здравјето.rnrnИако е во прашање природна аномалија, досега, на светско ниво, се имаат родено само четири кучиња со зелена боја. Оваа боја е со краток век. По неколку месеци избледува и кучето нема да се разликува од другите кучиња од истата раса.rnrn
rnrnМожно е необичната нијанса да се појавила поради пигментот во жолчката, биливердин кој се наоѓа во постелката. Кога ќе се помеша со плодовата вода која го храни и штити плодот, може да го обои крзното на кучето.rnrnКученцето го добило името Мохито поради необичната боја на крзното која потсетува на познатиот коктел од нане и лимета.rnrn
rnrnЗапознајте го и Вајли, најслаткото куче далматинец со срце на носот.
Запознајте го Мохито – зеленото куче!
