Додека се зелени, бананите растат надолу, но одеднаш започнуваат со друг процес: се вртат нагоре кон сончевата светлина. И тоа го прават со цел да преживеат.rnrn
rnrnКога бананата ќе достигне одреден развој почнува со процес наречен негативен геотропизам. Ова значи дека наместо да растат постојано надолу, бананите се вртат кон сонцето за да добијат светлина, исто како и сончогледите. Што би се случило кога тие би растеле на страна, во права линија? Растението би ја изгубило рамнотежата и не би ја издржало тежината на плодовите. Според ова, сончевата светлина е клучна за развој на бананите.rn
Како изгледа процесот?
rnБананите растат од цветот во правец кон земјата. Додека се развиваат, продолжуваат да растат надолу, но во одреден момент почнуваат со процесот негативен геотропизам, односно се вртат нагоре, што ги принудува да се свиткаат во спротивен правец формирајќи блага заобленост. Благодарение на заоблената форма тие преживуваат, а покрај тоа и растението е стабилно за да продолжи да се развива. Кој би претпоставил?!rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnБананите се дефинитивно необични плодови. А би пробале ли од овие сини банани со вкус на сладолед од ванила?rn
Автор: Весна Куковска