Третиот по големина град во Шпанија, Валенсија, е познат по плажите, историјата и архитектурата. Сепак, дали знаевте дека во градската катедрала на Валенсија се наоѓа артефакт за кој многумина веруваат дека е светиот грал?rnrn
rnrnСветиот грал е чаша, пехар или сад од кој Исус Христос пиел вино за време на Тајната вечера. Некои луѓе сметаат дека ова е еден од најсветите артефакти на земјата, другите пак, го поврзуваат со магија и веруваат дека се работи за обичен мит. Низ историјата, многумина се обидувале да го пронајдат, од витезите на кралот Артур па сè до војниците на Хитлер, но, колку што е познато, никој не го пронашол досега. Според бројни историски извори, светиот грал во Валенсија бил откриен кон крајот на 12 век и многубројни докази укажуваат дека тој е всушност оригиналниот пехар.rnrn
rnrnСе смета дека Апостол Петар прв ја однел чашата во Рим по смртта на Христос, каде останала сè до 250-тата година кога императорот Валеријан започнал да ги прогонува христијаните. Според историчарите, оваа реликвија била преместена во Хуеска бидејќи не била безбедна во Рим и неговата околина. Се верува дека тука останала сè до 8 век.rnrnСепак, патувањата на гралот меѓу 1 и 14 век не се докрај потврдени. Познато е дека кон крајот на 14 век реликвијата станала сопственост на кралот Мартин од Арагон. Еден од неговите наследници, Алфонсо Величествениот, ја пренел реликвијата во Валенсија, а подоцна и во катедралата каде се наоѓа и денес.rnrnШпанската историчарка на уметност, Ана Мафе Гарсија, во едно нејзино истражување се обидела да докаже дека постои голема можност светиот грал во Валенсија да е вистинскиот грал. Според истражувањето, реликвијата потекнува од еврејско семејство и датира од времето на кралот Ирод Велики, таткото на Ирод. Покрај тоа, материјалот од кој е изработен пехарот може да се најде само во близина на територијата на денешен Израел. Освен тоа, постојат и гласини дека реликвијата дошла во Шпанија заедно со писмо кое ја гарантирало нејзината автентичност.rnrnДа не заборавиме дека ширум светот постојат повеќе реликвии кои се „борат“ за епитетот свет грал. Иако можеби никогаш нема да дознаеме каде е вистинскиот свет грал, ние ќе продолжиме да уживаме во мистичните легенди и преданија за овој свет предмет и да се надеваме дека еден ден сигурно ќе биде пронајден.rnrnОткако прочитавте за овој необичен артефакт, можеби ќе сакате да прочитате и за морничавиот град полн со стари монети од кој никој не смеел да излезе.rnrnИзвор: passportsymphony.com
Дали катедралата во Валенсија е домот на светиот грал?
