Луѓето се склони да ги анализираат ситуациите и настаните и постојано да се премислуваат дали донеле добри одлуки, а сето ова може навистина да исцрпува. Потсвесни мисли можат да ни го нарушат животот, без воопшто да забележиме.rnrn
rnrnСо помош на металното аикидо, вие ќе пронајдете мир и со леснотија ќе се носите со проблемите кои ќе се појават пред вас, ќе станете поодлучни, похрабри и ќе остварите сè што ќе посакате. Таа е корисна во ситуациите кога ве обземаат негативни и обесхрабрувачки мисли.rnrnПа, ако сакате да се ослободите од негативните емоции и мисли, тогаш сè што треба да направите се следниве два чекора…rn
Медитација
rnОсновната цел на оваа техника е постигнувањето ментална рамнотежа, што може најдобро да се постигне со медитација. Редовното медитирање го смалува бројот на негативните мисли, додека истовремено ги зголемува концентрацијата и мирот.rn
Борба
rnИако на почетокот ќе ви биде тешко, со доволно вежбање вие ќе научите да го истренирате мозокот за секоја ситуација прво да ја погледне од позитивната страна. На секоја негативна мисла којашто ќе ви се појави, вие мора да одговорите со позитивна.rnrnПа, следен пат кога ќе се најдете во ситуација во која треба да донесете некоја важна одлука или ќе ве обземат негативни емоции, направете го следново:rnrnКога ќе ви се јават мисли како „Зошто да одам на тоа интервју кога сигурно нема да ме вработат?“ веднаш заменете ги со нешто позитивно, како: „Дали би имале некаква причина да не ме ангажираат?“ Или пак, наместо, „Подобро да не ни почнувам денес, не сум уште спремен/спремна“, помислете: „Сега е вистинското време! Дури и да се соочам со пораз, знам дека дадов сè од себе.“rnrnОпуштете се, не двоумете се и не критикувајте се себеси и ценете го сето она што сте го постигнале досега. По неколку повторувања, позитивното размислување ќе ви премине во навика.rnrnДали и вие сте роб на парите и како овие негативни мисли ве повредуваат?