КАФЕ ПАУЗА

4 работи кои треба да ги знаете пред да се одлучите за познатата боб фризура

Четири работи кои треба да ги знаете пред да се одлучите за познатата боб фризура

Веќе неколку сезони, ова е дефинитивно најпопуларна фризура помеѓу жените. Меѓутоа, една од основните дилеми е колку често ќе можете ефикасно да ја стилизирате сами без да одите на фризер. Изгледот на боб фризурата зависи од квалитетот и текстурата на вашата коса, а за таа да изгледа беспрекорно, потребно е да ги знаете работи.rnrnЧетири работи кои треба да ги знаете пред да се одлучите за познатата боб фризураrn

1. За оваа фризура важен е обликот на лицето

rnБоб е фризура која генерално одговара на секој облик, а тоа што се разликува е начинот на кратењето. Со правилното кратење ќе се изразат најдобрите точки на лицето. Доколку сакате акцентот да биде на долниот дел на лицето изберете дијагонален начин, а ако сакате акцентот да биде на јаболчиците тогаш изберете облик на квадрат.rn

2. Размислете за текстурата на својата коса

rnТекстурата е всушност најважен фактор. Ако имате тенко влакно, одлучете се за краток боб, бидејќи така визуелно ќе добиете на волумен. Острото и полно влакно е идеално бидејќи бара најмалку време за стилизирање на фризура. Доколку имате природно виткана коса, тогаш изберете фризура која на темето е пократка а напред подолга.rn

3. Станува збор за специфична фризура

rnАко ја сакате оваа фризура, треба да знаете дека мора редовно да ја одржувате, негувате, но и скратувате бидејќи треба да се одржува нејзината форма. Ќе треба да го посетувате фризерот на секои 5 до 6 недели.rn

4. Стилизирањето е неопходно

rnЗа оваа фризура ќе изгубите време средувајќи ја по миењето. Без разлика дали сакате рамна коса или локни, неопходни се уреди и препарати за одржување.rnrnСо оглед на овие работи, размислете дали боб фризурата е идеален избор за вас или не.rnrnДоколку сѐ уште се мислите за вашата следна фризура, ова се топ 3 фризури кои ќе бидат хит оваа есен.