КАФЕ ПАУЗА

Конечно е откриено: Зошто кафето на некои луѓе им влијае на сонот, а на некои не?

Дали сте едни од оние луѓе што дури и по пиењето кафе немате никаков проблем со сонот и заспивате како воопшто да не сте внеле доза кофеин во вашето тело? Или пак, ако се напиете кафе малку подоцна во денот потоа не можете да спиете цела ноќ? Според шкотските научници, постои причина зошто ова се случува.rnrnrnrnСтанува збор за варијација на генот ПДСС2, којшто некој луѓе го имаат, додека пак други го немаат. И токму тој ген влијае на начинот на кој телото го разредува кофеинот, како и на времето кое кофеинот се задржува во телото.rnrnВо истражувањето што било спроведено во Северна и Јужна Италија, биле испитани повеќе од 1.000 луѓе, додека во истражувањето од Холандија учествувале повеќе од 1.700 луѓе. Сите испитаници пополнувале прашалник во кој напишале колку кафиња дневно пијат.rnrnСпоред добиените резултати, оние што пиеле помалку кафе имале и одредена варијација во генот. Кај нив кофеинот побавно се разградувал, а со самото тоа и подолго останувал во телото, држејќи ги подолго будни. Од друга страна пак, оние што го немале овој ген имале потреба од повеќе кафиња дневно за да останат подолго будни.rnrnПокрај овој ген, на задржувањето на кофеинот во телото влијае и вашиот метаболизам, како и фактот дали сте пушач или не. Доколку пушите, тогаш ќе имате и поголема потреба од кафе.rnrnИмајќи го сето ова на ум, најдобро е да внимавате на знаците што ви ги испраќа телото кога пиете кафе за да ја одберете најдобрата доза за вас. Ако се тресете по пиењето кафе или чувствувате како срцето ви прескокнува, време е да ја намалите дозата. Ако немате никакви последици, само придобивки, тогаш сте на добар пат!rnrnПрочитајте ги и овие 4 причини зошто би требало да пиете обично црно кафе.