КАФЕ ПАУЗА

Шарлиз Терон го открива страшното влијание на лошата исхрана врз менталното здравје

Шарлиз Терон го открива страшното влијание на лошата исхрана врз менталното здравје

На Шарлиз Терон не ѝ се непознати физичките трансформации за филмските улоги. Но нештата тргнале на лошо додека се подготвувала да ја глуми преморената мајка на три деца во филмот „Тули“ (Tully).rnrnШарлиз Терон го открива страшното влијание на лошата исхрана врз менталното здравјеrnrnБидејќи требало да се здебели 23 килограми за улогата, Шарлиз почнала да страда од депресија. Наскоро реалноста на нејзиниот лик почнала да станува дел и од нејзиниот начин на размислување.rn

„Знаете, беше огромно изненадување за мене. Депресијата ме удри во лице навистина силно. За прв пат во мојот живот јадев премногу преработена храна и пиев премногу шеќер. Не беше многу забавно да се биде во овој филм.“

rnПред помалку од една година, Шарлиз разговарала со Хауард Стерн за нејзината љубов кон храната.rn

„За мене рајот би бил само чипс.“

rnНо сега прозборела за тешкотиите со кои се соочила додека качувала килограми за улогата, како и за страшните ефекти што ги имала нездравата исхрана, особено на нејзиното здравје. Се сеќава дека му се јавила на нејзиниот доктор во паника.rnrnЈадењето преработена храна може да предизвика оштетување на мозокот, а менталните болести можат да се развијат поради недостаток на хранливи материи. Покрај тоа, многу истражувања покажале директна поврзаност помеѓу стомакот и менталното здравје.rnrnПо првите неколку недели со брза храна, јадењето станало активност со полно работно време за Шарлиз. Дури правела потсетници сред ноќ за да јаде.rnrnПокрај тоа, слабеењето се покажало како уште потешко. Иако на Шарлиз ѝ било лесно да ослаби по нејзината улога во „Чудовиште“ (Monster) каде што глуми сериски убиец, овој пат предизвикот бил поголем. Всушност, на актерката ѝ биле потребни 18 месеци напорна работа за да се врати во форма, притоа работејќи и грижејќи се за нејзините мали деца.rnrnСепак Шарлиз смета дека сето ова вредело бидејќи ѝ дало шанса да прикаже помалку позната страна на родителството, онаа потешката.rn

„Борбата е реална за сите. Ве тера да сфатите дека на никој не му е полесно отколку на вас или дека не искусува ниту една од тие работи. Неуредно е.“

rnДознајте нешто повеќе за врската помеѓу менталното здравје и исхраната.