КАФЕ ПАУЗА

5 филмови кои ќе ве внесат во духот на Ноќта на вештерките

5 филмови кои ќе ве внесат во духот на Ноќта на вештерките

Written by

in

,

Доколку сте од оние кои ја обожуваат Ноќта на вештерките, но сепак не сте голем фан на страшните хорори, тогаш имаме нешто за вас. За среќа, има филмови кои не се толку страшни, но ве внесуваат во духот на овој интересен празник. Овие филмови ќе ве насмеат додека седите топло во своите домови. Следните филмови може да ги гледаат и деца, така што слободно соберете го цело семејство и уживајте во филмскиот маратон.rnrn5 филмови кои ќе ве внесат во духот на Ноќта на вештеркитеrn

1. „Хокус Покус“ (Hocus Pocus)

rnДа започнеме со класиката. Едноставно не може да помине Ноќ на вештерките без да го гледате „Хокус Покус“. Овој филм е пресмешен. Во него Бет Мидлер, Сара Џесика Паркер и Кејти Наџими ги глумат сестрите вештерки. Тие не се пријателски настроени, и убиваат деца со цел да бидат вечно млади. Изведбата на Мидлер за песната „Фрлив магија на вас“ е сцена за паметење, и лесно ве примамува.rnrnНајстрашни моменти: Кога книгата со магии го отвора окото. Може да биде малку морничаво.rnrnhttps://youtu.be/F4e6YQFrt1srn

2. „Градот каде владеат вештерките“ (Halloweentown)

rnСе работи за филм каде е постојано Ноќ на вештерките. Легендата Деби Рејнолдс глуми добра вештерка која сака да ги научи своите внуци сѐ за магијата. Филм кој е исполнет со летање на метли, издупчени тикви и интересни жители. Но, нешто лошо почнува да се случува и семејството мора да го одбрани градот.rnrnНајстрашни моменти: Скелетот Били кој вози такси е малку морничав. Како зборува без јазик или вози кога нема очи? Како?!rnrnhttps://youtu.be/F4GV_xnN2rUrn

3. „Не гледај под креветот“ (Don’t look under the bed)

rnИсполнет со заплети, моменти на плашење како и грозни моменти, овој филм е малку страшен па затоа бидете повнимателни доколку го гледате со деца. Во овој филм чудовиштето навистина постои и прави хаос низ градот. Измислениот пријател на децата, Лери, ќе дојде навреме за да врати сѐ во нормала.rnrnНајстрашни моменти: Кога слаткиот Лери ќе се трансформира во чудовиштето.rnrnhttps://youtu.be/GNBex5MIxDcrn

4. „Фантомот од киното“ (Phantom Of The Megaplex)

rnКако што се подготвуваат за премиера, се подготвуваат пуканките и екраните, мистериозен фантом почнува да го тероризира киното. Овој филм дефинитивно ќе ве држи возбудени до самиот крај.rnrnНајстрашни моменти: Секогаш кога фантомот ќе се појави со морничавата маска и започнува страшна музика.rnrnhttps://youtu.be/S6sEBqggGq0rn

5. „Големата тиква, Чарли Браун“ (It’s The Great Pumpkin, Charlie Brown)

rnНиеден маратон не може да биде целосен без овие ликови. Придружете им се на Линус, Луси, Сали и Чарли додека тие ја поминуваат нивната Ноќ на вештерките чекајќи ја големата тиква која ќе им донесе играчки. Оваа прекрасна анимација е совршена комбинација за „страшен“ филмски маратон, проследен со многу чоколатца.rnrnНајстрашни моменти: Некои луѓе секогаш ги возбудува моментот кога Чарли трча за да ја шутне топката која Луси држи во рака.rnrnhttps://youtu.be/i1AxyNhJX4ArnrnСледно, препорачуваме и 12 морничави игри кои можете да ги играте за Ноќта на вештерките.