КАФЕ ПАУЗА

Истражувачите откриваат што е заедничко за луѓето што живеат долго

Истражувачите откриваат што е заедничко за луѓето што живеат долго

Дали некогаш сте се запрашале како некои луѓе успеале да живеат толку долго? Има неколку фактори кои влијаат на долговечноста. Моментално има фраза која вели: „40-тите се новите 20-ти“. Тоа е совршен пример за тоа како ја перципирате возраста и колку возраста може да влијае на нашето чувство за старост. Овие концепти може да ни помогнат да живееме подолг и подобар живот.rnrnИстражувачите откриваат што е заедничко за луѓето што живеат долгоrn

Биологијата на стареењето

rnЦелото тело е направено од клетки. Групи од клетки сочинуваат ткиво, а групи од ткива се нашите органи и мускули. Во младоста, нашите органи немаат потреба да работат максимално и со тоа чуваат резерви. По 30-тата година, почнуваме да користиме по 1% од таа резерва секоја година. По одредено време, немаме резерва па мораме да го користиме тоа што го имаме. Колку помалку се грижиме за себе, толку побрзо ги трошиме клетките. Специјалистите кои ги проучуваат процесите на стареење веруваат дека има разни фактори кои придонесуваат за овие оштетувања.rnrnЧести здравствени индикатори за стареење:rn

    rn 011

  • Генетика
  • rn 011

  • Околината во која живеете
  • rn 011

  • Културата во која сте израснати
  • rn 011

  • Храната која ја јадете и количината
  • rn 011

  • Нивото на активност
  • rn 011

  • Како и дали се релаксирате
  • rn 011

  • Минати болести и повреди
  • rn

rnТука може да се додадат и пушењето, користењето дрога, претераното консумирање алкохол, хроничната изложеност на токсини и метали и слично…rn

Стареење на мозокот

rnКлетките во мозокот исто така се менуваат. При стареењето често доаѓа до намалување на изливот на крв, намалување на делови од мозокот, истанчување на надворешната кора на мозокот и слично.rnrnСимптомите се:rn

    rn 011

  • Потешкотии при помнење имиња, бројки или наоѓање на вистинскиот збор
  • rn 011

  • Потешкотии при одржување на концентрацијата
  • rn 011

  • Повеќе време потребно да се запомни нова информација
  • rn

rnОва не значи дека постарите личности не можат да научат нови работи, да го подобрат својот речник или да прават нови спомени. Нашиот мозок бара 20% од нашата крв да функционира правилно. Вежбањето или друга форма на физичка активност е клучна за одржување на менталната стабилност.rnrnКои се карактеристиките на луѓето кои живеат долг живот?rn

1. Природно движење

rnОдржувајте се во форма, пешачете, пробајте да се истегнувате, да се наведнувате надолу со цел да ги размрдате сите мускули. Со тоа ќе имате поголема раздвиженост на крвта која е многу важна за сите делови од телото, дури и мозокот.rn

2. Имајте цел

rnСекому му треба цел и фокус. Тоа е слично како кога имате цел да имате деца и кариера. Но, што откако децата ќе пораснат и ќе престанете да работите? Може да имате цели поврзани со вашите внуци, пријатели, одржување на градината…rn

3. Одбегнувајте стрес

rnСтресот е неизбежен, но хроничниот стрес е опасен и затоа одбегнувајте да бидете во такви ситуации. Научете да не се грижите за малите работи кои можат да влијаат на вашето здравје.rn

4. Не се прејадувајте

rnНа храната ѝ се потребни 20 минути додека стигне до стомакот, што значи дека најверојатно сте најадени уште пред стомакот да му прати порака на мозокот дека е полн.rn

5. Јадете зеленчук и овошје

rnКога станува збор за исхраната, повеќето кои живеат до своите долги години јадат повеќе растителна исхрана. Јадат месо само 2-3 пати во месецот и што е можно помалку шеќер.rn

6. Ограничете го алкохолот на 2 пијалаци

rnИако алкохолот, посебно виното, имаат придобивки за вашето здравје, сепак претераното пиење не е во ред. За доволно алкохол се смета 1-2 пијалаци на ден.rn

7. Бидете дел од група

rnОд витално значење е да најдете место што одговара на вашите верувања, интереси, и да бидете дел од неа.rn

8. Одржувајте контакт со семејството

rnЗнаењето дека не живеете сами и дека има други кои се тука да ви помогнат е многу поврзано со вашето здравје. Споделувајте работи со нив и заинтересирајте се за работите кои им се случуваат.rn

9. Останете друштвени

rnСоцијализацијата е добра за душата и за мозокот. Луѓето се социјални животни. Тоа не треба да се менува како што станувате постари. Социјализацијата помага против депресијата, намалувањето на стресот и одржувањето на меморијата.rnrnСледно, прочитајте зошто јадењето боровинки го забавува стареењето.