КАФЕ ПАУЗА

7 ситуации во кои пријателката треба да ви биде поважна од партнерот

Седум ситуации во кои пријателката треба да ви биде поважна од партнерот

Written by

in

,

Кога започнувате врска, нормално е дека таа личност ви станува најважна, а може и да се случи некои пријатели (ненамерно) да ги занемарите. Дури и гледањето со најдобрата пријателка станува поретко, но во следните седум ситуации секогаш пријателката треба да ви биде поважна од партнерот.rnrnСедум ситуации во кои пријателката треба да ви биде поважна од партнеротrn

1. Кога ќе раскине со партнерот

rnСигурно ќе ѝ бидете потребни кога ќе прекине љубовна врска, посебно ако била оставена. Без разлика дали е неочекувано или се гледало крајот, треба да бидете тука за вашата пријателка за да ја сослушате и утешите.rn

2. Кога таа ќе го остави партнерот

rnДури и доколку дечкото на вашата пријателка никогаш не ви се допаѓал и потајно се радувате зошто го оставила, треба да бидете со неа во овие моменти. Немојте да ѝ кажувате дека тоа е супер, туку дајте ѝ поддршка на начин што ѝ е потребен. Без разлика дали таа го направила тој потег, сигурно не ѝ е лесно.rn

3. Кога поминало шест недели од вашата последна средба

rnНикогаш не ја заборавајте исполнетоста која ви ја носи дружењето со пријателките. Ако последен пат сте се виделе со пријателката на кафе или вечера пред повеќе од месец и половина, тогаш е време тоа да го повторите.rn

4. Кога сте се скарале

rnМногу е веројатно дека ќе барате утеха во својот партнер откако ќе се скарате со пријателката. Нема ништо лошо во тоа ако ве смирува, но потоа јавете ѝ се на пријателката и пробајте да се смирите. Не дозволувајте проблемот да остане нерешен.rn

5. Кога ѝ треба друштво за венчавка

rnАко вашата пријателка е „сингл“ и е поканета на венчавка, одете со неа. Ќе биде одлична можност да се забавувате и да играте, баш како што сте правеле кога и двете сте биле сингл. Вашиот партнер тоа време може да го искористи да излезе со своите пријатели.rn

6. Кога се запрашува дали е тој вистинскиот

rnАко се двоуми во својата љубовна врска, се прашува дали е тој вистинскиот, бидете тука за неа доколку ѝ е потребен совет. Бидете личноста која објективно ќе ги гледа работите и ќе ја упати со совет.rn

7. Кога ќе ѝ почине некој близок

rnНема што да се додава – кога на вашата најдобра пријателка ќе ѝ почине некој близок, таа секогаш треба да ви биде на прво место.rnrnДоколку барате уште една причина за дружење со пријателката, прочитајте како дружењето со пријателки им го подобрува психичкото здравје на жените.