Оваа сезона на Скорпии ќе биде најлоша за следниве три хороскопски знаци

Оваа сезона на Скорпии ќе биде најлоша за следниве три хороскопски знаци

Сезоната на Скорпии е емоционално напрегната и комплицирана, што може да биде проблематично за следниве знаци: Овен, Лав и Стрелец. Огнените знаци се претежно екстровертни и отворени по природа. Скорпијата, од друга страна, повеќе сака да биде скриена и интровертна. Поради тоа, оваа сезона може да биде во контраст за огнените знаци. Се извинуваме однапред, Овен, Лав и Стрелец – ова не е ваш период.

Оваа сезона на Скорпии ќе биде најлоша за следниве три хороскопски знаци

Овен: Ќе почувствувате длабока страст

Соочете се со вашата сенка. Не се плашете од темнината. Вие и Скорпиите сте страсни личности, што ве прави посебни. Сепак, во споредба со Скорпиите, вие сте многу проѕирни кога станува збор за емоциите, што може да ви предизвика проблем овој период. Ќе немате друг избор освен да се препуштите на еволуцијата на вашата душа.

Гледајќи на подобрата страна, ова ќе биде и добар период да си посветите време на себе. Наместо да задлабочувате во комплексните емоции, одвојте си време само за себе.

Лав: Се целите кон емоционални нерамнини

Не ги запоставувајте вашите емоции. Да, ова е типично за вас, бидејќи сте едни од најизразените хороскопски знаци. Сепак, ништо не ви запира на патот и правите сѐ за луѓето околу вас. Но, овој период може да почувствувате мал земјотрес кога станува збор домот, семејството и емоциите.

Освен овие промени, ова ќе биде период и на длабока трансформација. Не заборавајте, животот е круг и сезоните постојано се менуваат. Верувајте му на универзумот и следете го ритамот.

Стрелец: Се чувствувате заштитнички

Чувате тајни? Тоа не е типично за вас – дете на планетата Јупитер. Оваа сезона за вас е секогаш проблематична и ја изразува вашата карма и спиритуалност. Од што треба да се ослободите? Што веќе не ви чини? Дали си простувате себеси и на луѓето кои ви грешат?

Искористете колку можете повеќе во оваа мистична сезона. Активностите како медитации, дремки и водење дневник се топло препорачани. Запрете го времето.

Прочитајте за кои знаци оваа сезона на Скорпиите ќе биде најдобра.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар