Зошто врските се подобри во триесеттите отколку во дваесеттите?

Зошто врските се подобри во триесеттите отколку во дваесеттите?

Постојат многу причини зошто љубовните врски се подобри во триесеттите отколку во дваесеттите години од животот. Меѓу останатото, партнерите се позрели и знаат што сакаат, па се одбегнуваат несакани кавги и непријатни моменти кои се секојдневни во врските за време на дваесеттите.

Зошто врските се подобри во триесеттите отколку во дваесеттите?

Во дваесеттите години имате повеќе слободни пријатели, поголема енергија, почесто излегувате и запознавате нови луѓе речиси секојдневно. Иако изгледа дека полесно може да се најде љубов во дваесеттите поради овие работи, мора да се признае дека врските најчесто се несериозни во овој период. Но, кога ќе влезете во третата деценија, за вас започнува нова фаза од животот во која може да очекувате многу поедноставни и посериозни врски. Зошто е тоа така?

1. Подобро знаете што сакате

Во триесеттите години подобро се познавате. Многумина се чувствуваат изгубени во дваесеттите, па затоа прават грешки во љубовта кои не би ги направиле подоцна.

2. Полесно ви е да му поставувате какви било прашања на партнерот

Сега не се срамите да бидете директни. Згора на тоа, сакате да му поставувате секакви прашања на партнерот бидејќи знаете дека е подобро порано да ги дознаете сите можни негативни детали.

3. Сте научиле многу од своите претходни грешки

Сите претходни проблеми и грешки кои сте ги направиле во љубовните врски сега се исплатат. Сега знаете на што треба да внимавате и не ги повторувате истите грешки.

4. Знаете дека не треба да трошите време на нешто што од почетокот не ви изгледа сигурно

Секој од нас премолчил за одредени работи бидејќи сме одбивале да си признаеме дека треба да ставиме крај. Во триесеттите години, тоа се случува многу поретко.

5. Го цените сопственото време

Сега знаете дека треба да посветувате време на себе, но го цените и времето на останатите. Тоа ве прави посреќни и влијае позитивно на вашите љубовни односи.

6. Знаете дека не треба да најдете партнер „само за да не бидете сами“

Веќе е застарено мислењето дека не треба да се биде сам во триесеттите. Досега научивте дека е подобро да се биде сам отколку да се биде несреќен.

7. Имате многу поголемо искуство за сѐ

Сите претходни врски ве научија на многу работи кои ги применувате во сегашните врски.

8. На поранешните партнери гледате како на „научена лекција“ со која подобро се разбирате себеси

Повеќе не гледате на поранешните партнери како на „непријатели“ кои ви го уништиле животот, туку на луѓе со кои во тој момент сте се чувствувале добро и кои ви помогнале да созреете на одреден начин.

9. Не се плашите доколку врската напредува брзо бидејќи вие го одбирате темпото

Можеби разговорот за заеднички живот со партнерот во дваесеттите ве плашеше, но тој е вообичаен во триесеттите и тоа е добро. Впрочем, сега знаете дека некои чекори кои ви изгледале големи претходно всушност се потребни во некои врски.

Следно, прочитајте кои се и какви се најсреќните врски?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар